24.9 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаНов скандал во здравството: Приведена докторка од Куманово..

Нов скандал во здравството: Приведена докторка од Куманово..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полициски службеници од Куманово извршиле претрес во работните простории на Очно одделение при кумановската Општа болница и патничко моторно возило „опел астра“, по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С.

<

„При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово“, информира Министерството за внатрешни работи.

Инаку, Е.С. се сомничи дека ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница – Куманово.

Според МВР, таа за интервенциите противправно земала по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплатена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка, овозможил доградба без важечко одобрение!

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, се најде под удар на законот само неколку месеци пред локалните избори – против него е поднесена кривична...

Крв на сите страни: Тепачка во авионот на Рајнер, на релација Загреб Малме.

Вербална расправија која прераснала во тепачка се случила ноќеска во авион на „Рајанер“ кој летал на релација Загреб – Малме. На општо изненадување на...

Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор

Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом во Илинден со две...

Скопјани не сакаат доброволно да гасат пожари – Пријавени само 50 доброволци

Вчера истече огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето на пожарите низ земјава...