25.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаРејтингот на Заев и Мицкоски е за смеење а не за фалење...

Рејтингот на Заев и Мицкоски е за смеење а не за фалење !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во пресрет на октомвриските локални избори лидерите на двете најголеми политички партии, едната на власт, другата во опозиција, се фалат кој на која анкета имал поголем рејтинг, но ако се спореди со рејтинзите на политичарите од претходните години или со лидерите во регионот, рејтинзите им се ниски.

<

Според анкетата на Брима објавена деновиве од Слободен печат, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ужива поддршка од 11,8 отсто од граѓаните, а претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 7 отсто. Тоа значи дека премиерот има доверба од секој деветти човек во државата, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од секој 14-ти. Рејтингот на партиите е речиси двојно поголем, па така владејачката партија ужива поддршка од 19,5 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 17,5 проценти.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, води на анкетата на „Организацијата за граѓански активизам и независност”. Според оваа анкета, 15,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека му веруваат на Мицкоски, 13,4 отсто на Заев.

Но, да се соберат процентите и на двајцата лидери, пак, ќе биде помалку од колку што на пример имаше Никола Груевски кога беше премиер.

Но, да се соберат процентите и на двајцата лидери, пак, ќе биде помалку од колку што на пример имаше Никола Груевски кога беше премиер.

Според анкетата на Брима Галуп, во соработка со порталот Република, направена во декември 2015-тата година, прогнозите биле дека тогашниот премиер ужива поддржа од 32,3 отсто, а Зоран Заев, кој беше во опозиција, уживал довербата на 9,1 процент од испитаниците, објави Република во 2015.

Истата агенција во анкетата од април 2007 покажува дека рејтингот на Груевски бил 30,8 проценти.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има константен рејтинг низ годините, од околу 6 отсто.

Лидерите на политичките партии имаат помали рејтинзи од партиите на чие чело се, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски. Рејтингот на лидерите на партиите зависи и од тоа дали партијата е на власт или во опозиција и дали лидерот е премиер или предводи опозициска партија.За повеќе детали,Тука
Радио Слободна Европа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...