10.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Никој не е венчан за функцијата, секој од нас е заменлив.

Филипче: Никој не е венчан за функцијата, секој од нас е заменлив.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се воздржувам од сите коментари се додека трае истрагата. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со пожарот во тетовската модуларна болница

<

Министерот посочи дека во истрагата за избувнувањето на пожарот во модуларната болница се вклучени институции, обвинителства и како што напомена, ќе дозволи најпрвин тие да констатираат, а по завршување на процесот ќе биде на располагање за разговор или изјава.

-Дозволете да не коментирам со оглед на тоа што има истрага. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, рече Филипче.

Тој додаде дека процесот на проверка и на комуникација со директорите на болниците, како и проверка од страна на Санитарниот инспекторат е завршен. Документацијата за модуларните болници, како што рече, е во проектната единица на Светска Банка во Министерство за труд и социјална политика и така е одговорено на барањата.

Во однос на оставката, министерот посочи дека секој од нив е заменлив, никој не е венчан за функцијата.

-Се воздржувам од сите коментари за се ова додека траат активностите на сите истражни органи. Секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата, тоа е мојот став во однос на се, додаде Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Минималната плата мора да биде 500 евра: На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ

Со минута молк за загинатите во кочанската дискотека, Сојузот на синдикати ја почна јавната седница пред Работничкиот дом. Оттаму се упатија кон Собранието, каде...

Таксистот Бранко му донираше бубрег на другар од училишните клупи

Делото на Бранко Џаламиќ (43) од Богатиќ пред неколку дена воодушеви многумина. Храбар таксист донираше бубрег на својот училишен другар. Бранко, кој седел со Синиша...

Ѓоко Поповски осуден за „мерцедесот“ на Груески излезе на слобода.

Ѓоко Поповски, експомошникот на министерот за јавни набавки во МВР, излегува на слобода. Со одлуката за делумно помилување, потпишана од македонската претседателка, Гордана Силановска...

Се урна таван во босанска градинка, три деца итно пренесени во болница

Во градинка во босанското место Козарска Дубица денеска се урнал таванот, но за среќа ниту едно од децата кои биле таму не е тешко...