23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДали почнаа притисоците?!- Полиција му тропна на Максим Димитриевски !!!

Дали почнаа притисоците?!- Полиција му тропна на Максим Димитриевски !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секторот за внатрешни работи Куманово веќе трет ден по ред врши притисок врз работата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски со стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и кои се влезени во годишната програма, брифираат од општината…
Од видеото, кое пристигна до редакција на Плус Инфо, може да се слушне разговор на градоначалникот Димитриевски со инспекторка од Министерството за внатрешни работи (МВР), каде што тој ја прашува инспекторката зошто им кажала на работниците да престанат со работа.

<

Градоначалникот Димитриевски во видеото ѝ вели на инспекторката дека не е овластена да бара документација на работниците.

– Дали знаете чија надлежност е кога се извршуваат градежни работи, кој врши увид во градежни работи? Вие немате право од изведувач да барате техничка и друга документација. Тоа е исклучиво под надлежност на градежна инспекција. Ова го правите вие од МВР континуирано, на секоја градежна активност. МВР нема право да ги спречува градежните активности на Општина Куманово, што се утврдени со годишен план за работа – ѝ вели Димитриевски на инспекторката.

Како што брифираат од Општина Куманово, ова не е прв случај Министерството за внатрешни работи да биде злоупотребено од страна на министерот Оливер Спасовски за политичка пресметка со градоначалникот Максим Димитриевски.

Во продолжение погледнете го видеото:

Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...