„Денеска ја почнуваме кампањата од населба Лисиче каде што симболично засадивме седум дрвца. Ќе работиме за чист, зелен и безбеден Аеродром“, истакна денеска кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
„Имаме политичка програма со седум клучни цели, седум поглавја, кои што се гаранција дека со заокружување на бројот седум Аеродром ќе биде поинаква општина ќе работиме со многу енергија и многу ентузијазам, ќе допреме до секој еден од вас, посочува Муцунски.
Нашата посветена работа ќе биде гаранција дека Аеродром ќе се претвори во најубавата општина во Република Македонија.