20.9 C
Ohrid
среда, април 16, 2025
ПочетнаМакедонијаШекеринска: Становите од поранешна ЈНА ќе може да се откупуваат

Шекеринска: Становите од поранешна ЈНА ќе може да се откупуваат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА, без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт и врски.

<

Право на откуп ќе имаат оние лица кои имаат решение за користење на станот, а се државјани на Северна Македонија, лица кои се или биле вработени во Министерството за одбрана и во Армијата најмалку десет години или се стекнале со право на пензија, како и лица од семејства во кои сопственикот е починат, но имаат документ за користење на станот.

Со барањето за купување на станот, треба да се поднесе и решение за користење на станот, фотокопија од лична карта, уверение за државјанство, потврда од Агенцијата за катастар на недвижности со кое се потврдува дека корисникот нема стан или куќа во своја сопственост или во сопственост на член од неговото семејство, како и потврда од Министерството за одбрана дека корисникот е во работен однос во МО и во АРМ најмалку десет години.

За повеќе детали ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нова современа апаратура во охридската болница

Охридската болница се поднови со нови апарати. Вредни донации на одделот за патологија и очното одделение. Едниот современ апарат е за оптичка кохерентна...

Полицаец осомничен за пожарот во „Пулс“ е во бегство!

За пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани осомничен е полицаец и истиот е во бегство, официјално потврдија од МВР. Имено од пријавените,...

Стојанче: После шахтата во Скопје, во Кавадарци е фиксирана расклатената клима

По добиена пријава во ЦУК за накосена и расклатена клима над Уни Банка во Кавадарци, која претставуваше опасност за минувачите, особено за лицата кои...

Благодарение на Стојанче, шахтата во Аеродром доби капак !!!

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека е затворена шахтата што беше отворена спроти Трговскиот центар Скопјанка. Голема благодарност до службите во...