26.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаСветМакрон повторно нападнат, овој пат со јајце по главата

Макрон повторно нападнат, овој пат со јајце по главата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Макрон при посета на саем во францускиот град Лион беше погоден со јајце во главата, кое за среќа не се скрши. Меѓутоа ова не е прв напад на францускиот претседател. Тој на 8 јуни доби шлаканица од човек во публиката
Францускиот претседател Емануел Макрон беше погоден со јајце во главата за време на посетата на Интернационалниот саем за хотели, угостителство и храна во Лион.

<

Јајцето се одби од главата на францускиот претседател и не се скрши, а напаѓачот извика „Да живее револуцијата“. Мажот облечен во бермуди брзо беше совладан, уапсен и изнесен од зградата.

„Ако некој има нешто да ми каже, нека дојде“,

рече Макрон.
Емануел Макрон беше во друштво на тројца членови на владата: Ален Грисет, министер за мали и средни претпријатија, Женан-Батист Лемојн, државен секретар за туризам и Жулијан Денорманди, министер за земјоделство, пишува „РТ Франс“.

Ова не е првпат Макрон да биде цел на оние што не го поддржуваат. За време на патувањето во внатрешноста на Франција на 8 јуни, еден човек му удрил шлаканица. Тој беше осуден на 18 месеци затвор, од кои отслужи само четири. Видео ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...