28.9 C
Ohrid
четврток, јули 17, 2025
ПочетнаМакедонијаРодител на средношколка од Скопје обвинува за скандалозни активности на камп: Сексуална...

Родител на средношколка од Скопје обвинува за скандалозни активности на камп: Сексуална едукација под секое ниво, децата побарале психијатриска помош!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Татко на средношколка од Скопје, за „Слободен печат“ сведочи дека неговата малолетна ќерка викендов доживеала шок од активности кои се случувале на извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

<

Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со нашата редакција, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир.

Редакцијата на „Слободен печат“ заради заштита на идентитетот на малолетното дете, нема да објави информации за идентитетот на родителот иако ни се познати.

Зоки Сиљковски од Прв скопски извиднички одред, не сакаше да го коментира конкретниот случај, затоа што, како што ни рече „не е сигурен дека зборовите кои му ги посочуваме како поплака од малолетничката и родителот се вистинити и навистина дадени“.

– Немам коментар зашто треба да се сретнеме со родителот за да ни предочи за што се работи. Не би можел да ви коментирам вас, бидејќи сте трета страна. Кога ќе стапиме во контакт со родителот ќе знаеме за што се работи и што точно посочува, ни рече Сиљковски.

Тој додаде дека како Прв скопски извиднички одред и претходно организирале вакви акции, од 2009 година наваму.

-Натпреварот е од едукативен карактер на тема сексуална едукација, извидничка едукација од почетокот е така. Има контролни точки на кои се изведуваат разни активности, некои со музика некои со сексуална едукација, некои со извидништво, додаде тој и рече дека досега немале поплака за активностите. Тој камп се одржува од петок до недела, a  девојчето ако имало некој проблем, можело да ни каже и на нас и на претставниците на нејзиниот одред. Треба да се видиме со родителите да видиме што се случува, на што се жали, знам како одат работите, ќе се видиме со него. А вам не можам да ви кажам затоа што тоа што го кажувате вие, немам сигурност дека биле зборовите на родителот или не, изјавил рече Сиљковски.

Повеќе на линкот: Слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 милиони се уште не се распределени од Црвен крст за настраданите во Кочани.

Поминаа четри месеци од пожарот во кочанскиот диско клуб „Пулс“ и сè уште не се целосно исплатени финансиите што се собираа од граѓаните кои...

Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за...

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево . Фирмата „Атеа Фемили“ ДООЕЛ од Делчево, со само пет вработени, добила...

Продадени два стана од одземениот имот на Никола Груевски

Продаден е дел од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше ставен на продажба како дел од извршната постапка во случајот „Плацеви...