3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаБерово ќе именува улица по Жан Кофол, трагично загинатиот словенечки пожарникар

Берово ќе именува улица по Жан Кофол, трагично загинатиот словенечки пожарникар

spot_img

Општина Берово постхумно ќе го одликува словенечкиот пожарникар Жан Кофол, еден од најактивните во гаснењето на пожарите во Малешевијата, а кој несреќно го изгуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Горица.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денес на својата официјална фејсбук страница најави дека на првата наредна седница на беровскиот Совет ќе поднесе иницијатива за именување улица која ќе го носи неговото име.

За постхумно одликување, до Советот на Општина Берово ќе поднесам иницијатива да именуваме улица во Берово по името на овој хуман херој кој им помогна на Берово и Малешевијата кога ни беше најтешко, истакна Пекевски.

Кофол беше дел од словенечката група доброволци која учествуваше во гаснењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево. Тој беше еден од најмладите во својот тим, а пред само неколку дена пред неговиот 20 роденден учествуваше на симулациска вежба за сообраќајна несреќа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...