22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков: Немаше турист летово кој не се пожали на плажите

Пецаков: Немаше турист летово кој не се пожали на плажите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Факт е дека уредувањето на плажите беше еден од најгорливите проблеми ова лето за кои што имавме забелешки, буквално од секој еден турист и можам да кажам само дека времето и тајмингот кога се случи цела оваа работа, беше промашен, посочи Кирил Пецаков кандидат за градоначалник за општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

<

Тој во вечерашната дебатна емисија на Телевизија 24, посветена на Општина Охрид истакна дека иако во Македонија имавме година и половина пандемија на Корона вирусот каде што движењето и посетата на угостителските објекти беше ограничено и во одредени моменти целосно забранети, кога што лесно можеше да се отстранат платформите од објектите без да се загрози туристичката сезона, градоначалникот Константин Георгиески, одлучи тоа да го направи пред самиот старт на туристичката сезона што доведе до целосно нејзино загрозување.

„Ние имавме година и пол – две корона, кога движењето на туристите и странците кои што требаше во Македонија да доаѓаат, беше ограничено и не беше возможно, а веќе ова лето кога се отворија границите наидовме на хаос и неуредени плажи, нешто кое што не треба да е слика Охрид, ниту сега, а никако во иднина. Овој хаос што го генериравме беше далеку од потребен, посебно во почеток на туристичка сезона“, истакна Пецаков.

Во однос на дивоградбите во Охрид по што градот се најде на листата на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО, Пецаков истакна дека тоа се должи пред се на нелегалните градби кои се во централното градско подрачје, кои изминатите четири години се стимулираа или потајно се премолчуваа поради тесно коалициски договори кои беа повеќе од очигледни.

„Националниот парк Галичица и сето она што таму се случувало, меѓутоа покрај тоа што стана популарен по бројот на дивоградби заради извештајот на УНЕСКО, треба да сме чесни и да кажеме колкав е бројот на дивоградби во изминатите четири години кои што се стимулирани, заради пред се, би рекол, непринципиелни коалиции кои што беа видливи во нашиот град во изминатите четири години, и на некој друг начин не биле стимулирани, меѓутоа преќутно беа дозволувани тие да се случуваат. А, инаку тврдам, се што е настрана од фокусот и е поврзано со дивоградба не е основната цел зошто ние под УНЕСКО бевме ставени како загрозено подрачје“, истакна Пецаков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...