3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаРекордна прегледи на видеата на Кондовски на фан страницата на Фејсбук

Рекордна прегледи на видеата на Кондовски на фан страницата на Фејсбук

spot_img

Над 150.000 прегледи имаат видеата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Христо Кондовски на неговата фан страница на Фејсбук.

Секое од видеата има илјадници прегледи, а најгледаните имаат над 26.000 прегледи. Ваквите бројки се рекордни, особено во споредба со други кандидати за градоначалници низ цела Македонија, па и политичари со долгогодишно искуство.

На прашањето кое Бриф го упати до Кондовски на што се должи толку големиот интерес за пораките кои тој ги упатува до јавноста, Кондовски вели дека тоа е резултат на отворената комуникација со граѓаните.

„На граѓаните на општина Битола сакам да им се заблагодарам на огромната поддршка која секојдневно ја добивам во директна комуникација со нив! Моето место е меѓу граѓаните! Постојно сум на терен, ги слушам моите битолчани, ги знам нивните проблеми и нашата програма нуди најдобри решенија за тие проблеми! Среќен сум што граѓаните го препознаа тоа! Се обраќаат на сите начини, на улица директно, телефонски и во пораки на мојата фан страница на Фејсбук! Доказ за интересот на битолчани е и тоа што досега само на фан страницата на Фејсбук нивната ангажираност е преку 170.000 интеракции. Огромниот интерес да ги слушнат моите пораки уште повеќе ме обврзува, затоа ќе останам отворен и достапен, секој може да ми се обрати, да даде сугестија, да посочи на проблем! Заедно одлучуваме со граѓаните! Заедно ќе направиме Битола да биде поубаво место за живеење!“-изјави Кондовски.

Видеата преку кои Кондовски ги упатува своите пораки до јавноста обработуваат различна тематика. Покрај оние во кои тој ги презентира проектите за развој на Битола, огромно внимание привлекуваат и видеата во кои граѓаните можат да видат каков човек е тој – односно искусен бизнисмен, голем вљубеник во природата, поддржувач на фудбалот и велосипедизмот, почитувач на културата, но и посветен сопруг и татко на три деца.

Инаку, покрај бројката од над 150.000 прегледи на видеата кои изворно се поставени на неговата фан страница, гледаноста ја зголеми и поддршката која ја доби на големиот митинг со кој СДСМ и коалиционите партнери ја започнаа кампањата токму од Битола.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...