18.8 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНов АСНОМ, ново здружение на граѓани чија цел е враќање на името...

Нов АСНОМ, ново здружение на граѓани чија цел е враќање на името Република Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

30 септември 2018 година е длабоко врежан во колективната меморија на македонскиот народ затоа што тој ден на мирен, демократски и законски начин рековме НЕ за северна Македонија.

<

Сите последователни промени што се случија резултирајќи со промената на нашето уставно име се основно кршење на нашите човекови права на самоопределување, права втемелени во повелбата на Обединетите Нации, изјави денеска Сашо Маневски, еден од основачите на новото здружение на граѓани Нов АСНОМ. Маневски изјавата ја даде пред споменикот на АСНОМ наспроти македонското Собрание.

На денешната прва промоција на Нов АСНОМ, Маневски изјави дека целта на нивната организација е да не отстапат од постулатите на основните човекови права, враќање на уставното име Република Македонија, градење на правно општество каде што секоја индивидуа ќе има еднакви услови за нормален економски живот во здрава животна средина и јакнење на територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката.

„За таа цел ние Македонците што живееме во Канада, Австралија и Македонија го оформивме здружението на граѓани Нов АСНОМ. Нашата Платформа ќе ја трансформира Република Македонија од нефункционална, корумпирана и неорганизирана држава во земја која, непоколебливо ќе ги штити и чува своите стратешки интереси на внатрешен и надворешен план. Денес општопознато е дека  алатките на судството и обвинителството се користат од страна на корумпираните политички елити за управување на политичките процеси, а државната администрација и работните места што политичките елити корумпирано ги нудат е главниот гласачки генератор на нашава мизерна демократија. Нашата платформа ги таргетира критичните точки на системот и со нејзина имплементација ќе ја направи нашата држава функционална. Платформата има 5 точки, покрај враќањето на името Република Македонија. Ослободување на судството од корупцијата и надворешните влијанија како предуслов за целосно независно судство. Јакнење на јавното обвинителство за да се справи со корупцијата и обемниот политички криминал. Меродавна и департизирана администрација. Функционален Уставен суд кој ќе се справи со внатрешнополитички и надворешни влијанија“, рече Маневски.

Извор мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сања Миа ги отпеа своите маки и страдања во новата печалбарска песна – „Сакам дома да си дојдам

Сања Миа со нова песна: „Сакам дома да си дојдам“ — животна приказна од болка, мака и нова среќа. Некогашна ѕвезда на македонските кафеани, пејачката...

Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел

На 09.06.2025 во СВР Скопје, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места...

Прваче во домот на Милошовски: Ја запиша ќеркичката Илина во приватно училиште.

Антонио Милошоски, на социјалните мрежи сподели убави вести. Имено, неговата ќерка ја запиша во прво одделение, во приватното училиште Јахја Кемал. „Го запишавме новото прваче....

55 годишен маж од С.Мислешево претепан од тројца мажи, поради недоразбирање во сообраќајот !!!

На 09.06.2025 во 21.15 часот во Полициската станица Струга, 3.П. (55) од с. Мислешево, струшко, пријавил дека околу 19.00 часот во с. Мислешево, поради...