30.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: На митинзи да одат само вакцинирани

Филипче: На митинзи да одат само вакцинирани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На митинзите на отворено кои во рамки на предзиборната кампања за локалните избори ги организираат партиите, иако нема официјална препорака за носење маска, пожелно е таа да се носи, но и да се создадат услови за можност за барање на сертификатите за вакцинација, смета министерот за здравство Венко Филипче.

<

– Секаде каде што има влез и излез тоа би требало да се прави. Тешко е да се организира каде што се собираат граѓаните, но се согласувам дека забелешката ви е на место. Уште денеска ќе најдам начин да препорачам до сите политички партии, да најдат начин сето тоа да биде искоординирано со влез-излез доколку е можно, за да се побара сертификат. Доколку може сметам дека ова треба да се организра во таа насока, вели Филипче на новинартско прашање на денешната прес-конференција. Тој вели, дека на отворените митинзи добро е граѓаните да носат маска за да се заштитат себе си и другите кога можат, без разлика на тоа што нема официјална препорака, а нема, вели, бидејќи е прилично стабилна ситуацијата. Препораката за носење маски на затворено останува, додаде Филипче.

– Огромен процент од сите тие кои што се вклучени во целокупниот процес, верувам дека се вакцинирани. Но, и за време на претходните избори, кога вакцина се уште немаше, запазувајќи ги сите протоколи за спроведување на настани на затворено немаше некој случај на пренос на вирусот. Така што сметам дека со придржување на тие протоколи, кои што се општи протоколи за превенција, целокупниот тој процес ќе биде добро организиран и ќе значи: држење на дистанца, неконцентрирање, односно пуштање по еден или двајца граѓани на гласање, исто како што беше организиран и претходниот изборен циклус, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...

На граничниот премин Табановце, скопјани се преставиле како дипломати со лажни документи !!

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од...