24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаУште една успешна акција на МВР- Разби криминална група.

Уште една успешна акција на МВР- Разби криминална група.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петмина жители на Македонија се уапсени вчера од полициските службеници, откако во нивните домови бил извршен претрес и биле одземени марихуана, куршуми и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

<

„На 03.10.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со ОВР Кичево, во координација со СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции, ги лишија од слобода Е.И.(28) од Скопје, А.К.(33) од Скопје, Н.А.(47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп. По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, извршени се претреси во дом и други простории кај петте лица, при што се пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашкаста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Со ова се расчистени и две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари 2021 година, од кои едното со смртни последици. Петте лица се приведени за понатамошна постапка.
Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела по член 237 од Кривичниот законик и тие се предадени ОЈО Кичево, при што од страна на судија од Основен суд Кичево ним им е изречена мерка притвор. На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 и член 215 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...