15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаИзградивме 60 градинки, 80 училишта, минималната плата ќе биде 18.000 до крајот...

Изградивме 60 градинки, 80 училишта, минималната плата ќе биде 18.000 до крајот на годината, вели Зоран Заев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Никогаш ама никогаш порано не се инвестирало толку во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини и за секој регион. За само 4 години изградивме 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради, наследивме општини заглавени во долгови, без визија за иден развој, но веднаш започнавме со нивна промена кон добро и работиме на Најдоброто, порача претседателот Зоран Заев на трибината во Виница.

<

Заев истакна дека покрај инвестирање во локалниот развој, се инвестирало и во човечкиот капитал преку зголемување на платите и пензиите и порача дека освен менување на методологијата за покачување на пензиите што ќе доведе до поголем раст на пензиите, до крајот на годината, повторно ќе се зголеми и минималната плата.

„За четири години просечната плата ја зголемивме за 6.300 денари. Порано минималната плата беше од осум до девет илјади денари а денес таа изнесува 15.200 денари, со тенденција, до крајот на оваа година, за два и пол месеци отсега, таа да биде 18.000 денари. Да се донесе ваква одлука е потврда дека економијата се движи во добар правец“ заклучи Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...