7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаА1 Македонија постави 5G мрежа во центарот на Скопје

А1 Македонија постави 5G мрежа во центарот на Скопје

Телекомуникацискиот оператор А1 Македонија постави 5G мрежа во центарот на Скопје за финално тестирање, со што, како што соопшти, е чекор поблиску до комерцијално воведување на 5G технологијата за сите корисници. Со ова финално тестирање достигната е брзина од 1Gbps за пренос на податоци, реализирано на мобилен телефон кој поддржува 5G мрежа.

-Поставувањето на тестната 5G мрежа е уште еден доказ за нашата посветеност и стратешката определба за креирање и воведување најсовремени дигитални решенија, кои овозможуваат нови и напредни дигитални искуства на корисниците. Ова е само почеток на новата индустриска револуција, а 5G е горивото на кое таа работи. Продолжуваме понатаму со интензивни активности за што побрза имплементација на оваа технологија за комерцијална употреба, вели во пишана изјава Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Од компанијата истакнуваат дека новата 5G мрежа ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци за кои корисниците веќе и сега имаат реална потреба. Потсетуават дека кон крајот на 2019 година успешно ја завршија првата фаза на тестирање на 5G технологијата во лабораториски услови. Тестовите беа направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина и ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија.

Новата генерација технологии, 5G, е веќе воведена во компаниите членки на А1 Телеком Групацијата, односно во Австрија, Хрватска и во Бугарија.
Извор: ММС

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...