14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа мир во куќа, Апасиев моли функционерите на ДУИ да не...

За мир во куќа, Апасиев моли функционерите на ДУИ да не ги тепаат функционерите на СДСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи, но и партиските реакции, по нападот на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, од сопственикот на компанијата У повер и син на Муса Џафери, Аријант Џафери.

<

Со реакција на социјалната мрежа фејсбук се јави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Се молат функционерите на ДУИ да не ги тепаат функционерите на СДС“, напиша апасиев на фејсбук.

Со реакција се јави и ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта започнува физички да се пресметува помеѓу себе, што значи дека го губат тлото, се зголемува нервозата и знаат дека ќе загубат. Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат декса крив е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси, делат тупаници среде Скопје ксако Бислимовски и синот на Џафери“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека Марко Бислимоски е поранешниот член на партиската комисија за енергетика во СДСМ. Муса Џафери, чиј што син дели тупаници низ Скопје е функционер во ДУИ.

„Ваквото делење тупаници среде главниот град е срам за државата. Обвинителството да ги повика да кажат што делат, и што множат двајцата од власта. Да се истражи не само тепачката, туку и мотивите за тепачката. Ова е брука за институциите“, велат од опозициската партија.

За нападот потврди МВР, а вицепремиерот Љупчо Николовски најави дека го осудува чинот и се постапува по случајот. Од РКЕ нагласија дека и натаму ќе продолжат да функционираат во насока на заштита на потрошувачите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...