13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаКондовски на „Телма“ покажа фотографија на која Коњановски прима донација од негова...

Кондовски на „Телма“ покажа фотографија на која Коњановски прима донација од негова фирма, а секој ден го оспорува како успешен менаџер !!!!

Вечерва на ТВ „Телма“ на преставувањето на кандидатите за Градоначалник за Општина Битола,кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ Христо Кондовски му одчита етичка и морална лекција на Тони Коњаноски кандидатот од ВМРО ДПМНЕ!

За разлика од мојот противкандидат од ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски, јас никогаш не сум бил на државна функција.Немам управувано со државни фондови и секогаш сум бил професионалец во својата работа, рече кандидатот од СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски на вечерашната дебата посветена на локалните избори на Телевизија Телма.
“Вие цел ваш работен век земате пари од државата. Јас тврдам дека 95% од моето портфолио каде што сум јас акционер, работи со приватниот сектор и со населението. Како професионален менаџер сум ја вршел работата професионално и успешно. Но, многу е важно дека не сум управувал со државни фондови и не сум имал јавна функција. Вие сте цело време на јавна функција, и вашата фамилија. Како што бев професионалец во приватниот сектор, така ќе бидам професионалец и како градоначалник”, рече Кондовски.

Кондовски го запраша противкандидатот Коњановски од кога за ВМРО – ДПМНЕ занимањето професионален менаџер е хендикеп, а на предност во трката за градоначалник на Битола. Прашањето, рече Кондовски, доаѓа по серијата напади кон него од кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ и неговата партија.

“Господинот Коњановски од уста не го вади мојот претходен, професионален ангажман како приватен корпоративен менаџер и инвеститор. Не ги вадат од уста моите приватни компании со сите негативни реторики. Ги прашувам, дали тоа смета сега, откако сум кандидат, или од претходно? Јас мислам дека претходно не сметаше затоа што овде имам една слика каде што вие сте сликани со еден од моите менаџери, каде што примате донација од една од моите фирми. А, зошто баш сега ме напаѓате? Го правите тоа затоа што сакам да направам добро за Битола. Од реалниот сектор сега сме виновни, заборавате и на политика и на се, и сега се виновни и фирми, и Христо Кондовски. Од кога професионалниот менаџер е хендикеп ?!”, праша Кондовски.

Коњановски на ова сепак призна дека тоа што Кондовски е професионален менаџер апсолутно не е хендикеп.
Кондовски му предочи на Коњановски дека никогаш не бил на државна функција и никогаш не располагал со државни фондовси. “Не сум управувал со државни фондови. Не сум имал јавна функција. Вие сте цело време на јавна функција и вашата фамилија.Јас немам земено државен денар, вие земате цело време од државата.“-му рече Кондовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...