18.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаМаксим: Баба ми на 94 години е жив сведок дека Бугарите не...

Максим: Баба ми на 94 години е жив сведок дека Бугарите не го ослободиле Куманово (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Духот на Крапошовци во Куманово го понел повторно да се кандидидира за функцијата градоначалник, вели актуелниот градоначалник и независен кандидат за Куманово, Максим Димитриевски во гостување за „Утрински брифинг“.

<

– Ние имаме два Карпоши. Такви сме по темперамент, по убедување. И кога учествуваме во нешто да создадеме и да срушиме нешто што било лошо, а потоа кога гледаме дека поединци со кои заедно сме се бореле стануваат уште полоши од тоа против тоа што сме се бореле, не можеме да молчиме, туку мораме да застанеме на страна на народот.

Народот ме води, затоа што повеќе од јасно е дека народот не се согласува со тоа што се случува и на државно и на локално ниво од страна на поединци. Недозволиво е да се узурпира партија, а потоа да се узурпира и државата. Тоа го имавме во минатото и моја обврска е да го спречам тоа, а притоа да продолжам во континуитет да го развивам својот град и да дадам придонес за развој на својот град и своите граѓани да живеат поубаво- вели Димитриевски.

Градоначалникот потсети на причините за кои во изминатите години се спротивставил со свој став за одредена проблематика.

-Ако се сеќавате првпат кога беа поделени парите од Фондот за иновации на свои блиски компании, јас тогаш првпат реагирав. Потоа, кога се случи фамозната набавка на реагенси во Министерство за здравство за околу 40 милиони евра и тогаш реагирав, па се поништи таа тендерска постапка.

Подоцна имавме состојба за којашто изнесов свое мислење во делот на она што значи менување на половите. Јас немам против ништо, ЛГБТ заедницата, секој има право да живее на свој начин, но да плаќате од Фондот за такви работи, а притоа во Куманово да немате мамограф е апсолутно неприфатливо.

На крајот, короната си го кажа своето. Некои правила важеа за други градови, на пример за Дебар, а за Куманово немаше изолација. Се зборуваше дека ќе имаме 2.000 позитивни случаи, ја гледате бројката. Одамна смртни случаи ја помина таа бројка.

И тогаш, ме ставија во самоизолација, поднесуваа кривични пријави. Имам континуиран став. Чашата ја прелеа прашањето околу тоа кој тоа го ослободил Куманово.

Не може Бугарите да го ослободат Куманово, бидејќи овие споменици кои се околу нас, всушност се направени во чест на тие кои загинале од бугарскиот фашистички окупатор. Имам сопствени станови и го застапувам својот град. Не можеме да избегаме од нашата етно генеза. Таа е нашата жива историја. Баба ми има 94 години, живи сведоштва имаме во Куманово и треба да го промениме ставот? – праша Димитриевски.

Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...