1.9 C
Ohrid
четврток, декември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПретседателот на МАНУ ги критикува образовните реформи

Претседателот на МАНУ ги критикува образовните реформи

spot_img

Несогледливи и штетни последици за младите допрва ќе донесат бесмислените реформи – на адреса на Министерството за образование и наука повторно пристигнаа критики за дигитализацијата, новата концепција, промената на учебниците од првиот човек на Македонската академија на науките и уметностите. Највисоката научна институција МАНУ е загрижена и бара да се одземат ингеренциите на МОН поради начинот на кој беа спроведени образовните реформи.

МАНУ и сите образовни научни институции јасно и гласно искажаа недоверба во реформите во образование чуму кога реформите иако потполно бесмислени со несогледливи штетни последици за младите продолжија да се исплементираат. Предлагам, да се одземат ингеренциите на МОН за изготвување и спроведување реформи – истакна претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.

Пред да бидат целосно обезбедени услови, се спроведе дигитализација и се забрани печатење на учебници за четврто одделение. Освен тие 20% од вкупниот број потребни книги за оваа генерација кои ги дистрибуираше Министерството до училиштата, повеќе учебници не смее да има, а МВР во координација со МОН ги „лови“ книжарниците кои незаконски продаваат комплет книги за четвртоодделенците. Изјавата на Царовска, која кажа дека секој родител кој му наметнува печатен учебник на своето дете му прави штета предизвикува бура реакции. Се огласи и синдикатот за образование кој критикува и предупредува да не се прават притисоци:

„Државата треба да обезбеди услови и да не врши притисок ваков врз родителите кои што како и сите родители сакаат нивните деца максимално да се стекнат со соодветни знаења кои што се предвидени за нивната возраст. Од таа причина мислам дека навистина малку треба да се спушти топката во овој однос и попрагматично да се реши овој проблем“, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Двајца тетовчани го претепале шоферот на пајак службата.

На 17.12.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, С.Ј. (23) од Тетово пријавил дека околу 17.00 часот на работното место во пајак возило на...

Ковачевски, чист како солза: Секогаш работев во согласност со законите

Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се...

Адвокатот на Бајрами: Клиентот мој не е избеган, само не е во Македонија.

Адвокатот Антонио ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и...

Со писмо 30 доктори од болницата Козле бараат разрешување на директорката, Каролина Симоновска

30 доктори од болницата Козле бараат итно разрешување на директорката на болницата, Каролина Симоновска. Преку писмо се обратија до јавноста наведувајќи сериозни проблеми во...