13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски до земјоделците: Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател, партнер за решавање на вашите...

Мицкоски до земјоделците: Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател, партнер за решавање на вашите проблеми и маки, излезете на овие избори и гласајте за промени

spot_imgspot_img

„Сакам да се обратам до земјоделците, до работниот народ на Македонија , луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од Македонија. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие сакаат и овој пат да ве излажат. Нема ништо и да се промени со нив, работите ќе тргнатна подобро кога ќе се смени оваа власт. Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател и соговорник, партнер за решавање на вашите проблеми и вашите маки“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Карбинци.

Точно знам, рече Мицкоски, со што се соочувате излезете на овие избори и гласајте за промени, промени од кои ќе тргне создавањето на новата иднина, и на новото време кое треба да донесе за вас сигурност и повеќе грижа.

 Мицкоски од Карбинци се обрати и до пензионерите.

„Барам и замолувам поддршка од пензионерите, од тие кои својот живот го дадоа за подобра иднина, а сега оваа власт ги разочарува. 52 месеци не им ги покачија пензиите, туку им ги скратија за да имаат повеќе за крадење. Заслужувате достоинствена старост, почит од државата и она што ви следува, повисоки пензии, поголема грижа. И таа ќе ја имате, и затоа се потребни промени“, рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...