18.3 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВо делчевското село Истевник, жителите гласаа во фарма за магариња

Во делчевското село Истевник, жителите гласаа во фарма за магариња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во делчевското село Нов Истевник жителите гласаат во фарма за магариња. Таму е сместено единственото избирачко место за жителите на селото кое има околу сто гласачи. И заради тоа никој не прави проблем, бидејќи отсекогаш во овој објект жителите гласале. Проблем не се магарињата, туку фингер уредите кои тука не си ја вршат добро работата. Претседателот на избирачкиот одбор смета дека отпечатоците на жителите не се јасни за фингерпринтот зашто прстите им се бојосани од собирање ореви.

<

Репортажното јавување на новинар на Канал 5 од ова место беше лоцирано на неколку чекори пред некогашното основно училиште во селото, во кое се одвива гласањето. Објектот одамна не е училиште, уште од 1995 година, зашто снемало доволно деца од прво до четврто одделение. Еден од жителите го купил објектот и го претворил во фарма за магариња. Сега низ прозорците не се гледаат училишни клупи и детски лица, туку стогови сено кое зимава вредно ќе го јадат магарињата.

Инаку, станува збор за избирачкото место број 0593. Се гласа во една од просториите во која некогаш седеле наставниците. Тука биле донесени уредите за биометриска идентификација на гласачите, но избирачкиот одбор заклучил дека практично не ги читаат отпечатоците на прстите на соселаните, ниту десниот, ниту левиот прст, бидејќи деновиве тие интензивно собираат ореви и прстите им се бојосани од овој плод.

Велат дека никој досега не правел проблем затоа што се гласа во магарешка фарма, проблем немало ниту од ОБСЕ.

Инаку, селото Нов Истевник за јавноста стана познато во времето на летните катастрофални пожари кога огнот беше стигнат до првите куќи од селото, а пожарникарите, заедно со австриските и словенечките колеги, со денови се бореа да го спасат ова мало населено мест.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...