11.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Римјаните го избраа Левичарот Роберто Галтиери за градоначалник

Апасиев: Римјаните го избраа Левичарот Роберто Галтиери за градоначалник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во ист ден кога Советот на главниот град на Македонија нема да има мнозинство без нашите од Левица – Римјаните бираат левичар за градоначалник!

<

p.s. Не за џабе Римско право предавам 😍

Напиша Апасиев на социјалните мрежи !!

Римјани го избраа поранешниот министер за економија Роберто Галтиери за нов градоначалник, како кандидат на левицата кој го победи својот десничарски ривал Енрико Микети, обвинет за антисемитизам, покажуваат излезните анкети објавени денеска по затворањето на избирачките места.

Во вториот круг од локалните избори, Роберто Галтиери освои 59 проценти од гласовите, наспроти 41 процент за Микети, покажува излезната анкета на Институтот Опинио, пренесе РАИ.

Галтиери (55) треба да ја наследи Вирџинија Раџа, од антисистемската партија „Движење пет ѕвезди“, првата жена избрана да раководи со италијанската престолнина, која беше елиминирана во првиот круг на локалните избори.

Овој резултат е нов удар за коалицијата на десницата и екстремната десница, која ги собира Форца Италија на Силвио Берлускони, Лига на Матео Салвини и Фратели д’Италија на Џорџо Мелони.

Во првио круг од изборите, што се одржа пред две недели, десницата и екстремната десница веќе ги загубија клучните градови Милано, Неапол и Болоња. Левицата ќе победи и во Торино, главниот град на северозападниот регион Пиемонт.

Резултатите од локалните избори, на кои право на глас имаа 12,5 милиони Италијанци, не треба да влијаат врз владата на Марио Драги, која во парламентот е поддржана од широка коалиција, од левичарската Демократска партија до Лигата на Салвини.

Изборите одржани вчера и денеска се одбележани со многу ниска излезност.

Во изборната кампања доминираа теми поврзани со сообраќајот и чистотата, поточно кризата со управување на сметот.

-РИМ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СВЕДЕ САМО НА ЗБОРУВАЊЕ ЗА ЃУБРЕТО И ДУПКИТЕ НА УЛИЦИТЕ. РИМ Е ГОЛЕМ ЕВРОПСКИ ГРАД, РЕЧЕ ГАЛТИЕРИ НА НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН ИЗБОРЕН МИТИНГ ВО ПЕТОКОТ.

Кампањата на неговиот десничарски противник почна лошо затоа што минатата недела тој беше принуден да ги отфрли обвинувањата за антисемитизам, откако негова статија беше објавена во левичарски весник. Во написот што го напишал минатата година тој тврди дека Холокаустот е пообележан од другите масакри бидејќи Евреите ги контролираат банките и лоби групите што може да одлучат за судбината на планетата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

17 годишник провалил во Онкологија- Обил 18 шкафови !!

Неколку дена по ред масовно се крадело на Клиниката за онкологија каде биле обиени повеќе од 18 шкафови на вработени пренесува „Плусинфо“. Она што...

Алијанса за Албанците го исклучи од партија Мито- директорот на Геријатрија

Алијанса за Албанците одржа состанок на 10 април годинава, на кој го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на...

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...