26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЈованоски: Се бориме Кичево да биде и на Македонците и на Албанците...

Јованоски: Се бориме Кичево да биде и на Македонците и на Албанците и на Турците…!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кичево, д-р Александар Јовановски преку Фејсбук објава им се заблагодари на сите оние кои го дале гласот за него и неговиот тим и приота допринеле за заедничка победа во првиот круг на локалните избори.

<

– Пред се, сакам да се заблагодарам на Кичевчани. На сите оние кои на мирен и достоинствен начин излегоа на гласање и со тоа придонесоа нашата општина да не биде запомнета како некое партиско трло, туку како општина која заслужува светла и европска иднина.
Посебна благодарност до оние кои и покрај наредбите и притисоците покажаа храброст и истрајност и го дадоа својот глас за вистинската опција – Кичево пред се.
Во оваа прилика сакам да им честитам и на сите оние, а посебно на нашите сограѓани Албанци, кои покажаа голема храброст и се спротивставија на политичкото сивило префарбано во зелено кое веќе 20 години преку злоупотреба на демократијата, нацијата и на верата владее во Македонија. Храброста и праведноста се едни од најголемите доблести на човекот. Доблести кои може да ги препознае секоја вера, секоја нација и секоја визија. Сакам сите да знаете дека јас и мојот тим не се бориме Кичево да биде бастион на една нација, или една политичка опција, како што се обидуваат да го претстават нашите политички противници преку паролата „Кичево беше, и ќе остане албанско“. Не почитувани Кичевчани! Ние се бориме Кичево да остане кичевско. Да биде и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Ромите, Власите и сите останати кои живеат во него, пишува тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...