3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев најавува победа во вториот круг - какви се шансите?!

Заев најавува победа во вториот круг – какви се шансите?!

spot_img

Зоран Заев најави обединување на сите прогресивни сили во земјава и победа во вториот круг на локалните избори.

По катастрофалниот пораз во првиот круг од локалните избори, кога советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ освија 55.000 гласови повеќе од тие на СДСМ, Заев уште веднаш од говорница порача дека пораката на граѓаните е примена и дека веднаш ќе дојде до промена во начинот на кој се водат партиските политики. Премиерот направи и чекор повеќе, најавувајќи оставка од сите функции доколку опозицијата во вториот круг победи во Скопје или, пак, освои поголем број на општини ширум републиката.

Сепак, се поставува прашањето колку можат Заев и СДСМ да сторат помеѓу двата круга? Ако се сетиме на првите парламентарни избори одржани по Макeдонија, ВМРО-ДПМНЕ успеа да оствари подoбар резултат во вториот круг и да освои најголем број мандати во Собранието. Многумина сметаат дека клучнен фактор тогаш беше изјавата на режисерот Љубиша Георгиевски, кој на митинг порача дека „ќе им ги исечеме канџите на орлите“, алудирајќи на албанското малцинство во Македонија.

За Владимир Божиновски од Институтот за политичко истражување, изјавата за канџите на Георгиевски и прифатената критика од народот на Заев се дадени во слични ситуации, но се со различен политички бекраунд.

– Може да се направи прогрес во краток рок, но само ако се вметнува нова варијабла, доколку има некаков дополнителен квалитет, а таква работа сега немаме. Тоа што го зборува Заев е повторување на двата претходни изборни циклуси, кога неговата победа исто беше загрозена. Нема ништо различно од периодот помеѓу двата круга претседателските избори или во пресрет на минатите парламентарни избори. Тогаш тој ветуваше „метли“, а и тогаш порача дека е разбрана пораката од народот, но тоа ништо не смени во генералната слика за неговото владеење. Сметам дека сега е во позиција со ваквите изјави да предизвика и полош резултат за претставниците на својата партија во вториот круг. Тој сака да се дефинира како најдобра опција, нарекувајќи го противникот зло. Употребува карактеризација која сите останати, не само ВМРО-ДПМНЕ, туку сите, дури и тие што не излегле на гласање или мислат поинаку од него се зло. Гласањето е право, а не обврска. Неизлегувањето е став и секој има право на став. Тоа е многу сериозен проблем – изјави Божиновски за Плусинфо.

Тој додава и дека во изминатиов период се случија поголем број на афери за кои немаше јасна реакција на институциите. За пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе, Божиновски потсетува дека за „виновен“ беше прогласен продолжниот кабел. Потоа аферата со издавање на пасоши на меѓународни криминалци, за што осудени беа неколку административци. Тој потсетува и на аферата со вакцините, во периодот кога останавме последна земја во Европа без средства за имунизација од ковид-19.

– Тогаш мешаа геополитика со вакцини, па преку некоја „пиљара“ од Хонг Конг сакаа да набават вакцини, иако од амбасадата на НР Кина рекоа дека стојат на располагање – вели Божиновски.

И останатите познавачи на состојбите на македонската политичка сцена, не се големи оптимисти дека Заев и СДСМ имаат големи шанси да го променат расположението кај електоратот за период од само две недели.

– Гласачките определби се подолгорочни, а фактори кои влијаат на нив се фундаментални прашања (економија, вработеност, владеење на право, надворешна политика и безбедност), односно дали земјата се движи во исправен/погрешен правец и донекаде кандидати и програми. И фундаменталните прашања и кандидатите и програмите го одредија првиот круг на изборите. На промени на исходот во вториот круг може да влијаат зголемување на коалицискиот капацитет и поддршка од партии и кандидати кои отпаднаа во првиот круг. Но ЛДП и ДОМ, како и независните листи засега одбиваат да го поддржат СДСМ. Време за промени во кампањата нема, а засилената негативна кампања ќе биде контрапродуктивна. Изјави за промена на фундаментални прашања пр. зголемување на минимални плати не поминуваат, а за дела нема време – ни објасни аналитичарот Сашо Клековски.

За Софија Куновска, поранешен функционер на СДСМ, гласањето во вториот круг на локалните избори нема да донесе ништо особено.

– Генерално, главниот впечаток е дека има голем пад на поддршката за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на гласањето во првиот изборен круг, не гледам причина тоа да не се повтори и во вториот. Ако се следи поведението на ЛДП/ДОМ, Левица, носителите на листите како и независните кандидати за градоначалници, во очекување на евентуални парламентарни избори, тие не се истрчуваат со некоја позначајна поддршка за големите партии, не сакајќи да го расипат штотуку создадениот впечаток за себе. Ако на тоа се додаде искуството досега, традиционално трендот од првиот круг најчесто е само засилен во вториот. Психолошката предност е на страна на подобриот. Воедно треба да се има предвид клиентелистички настроената природа на значаен дел од гласачкото тело, што резултира тие обично брзо да се вртат на страната на победникот.

Згора на се, ако единствена идеја што ја доби власта за да направи пресврт е плашењето со враќање на режимот, останува горко чувство на потценување на сопствениот електорат и подвлекување со црвено на неодговореното прашање: Чија тоа обврска беше за овие неполни пет години да го стави режимот зад решетки – вели Куновска.

Целата анализа тука.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...