17.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаЈавноста незадоволна од изгледот на споменикот на Тоше

Јавноста незадоволна од изгледот на споменикот на Тоше

spot_imgspot_img

Голем број на почитувачи на ликот и делот на Тоше Проески од регионот се незадоволни од изгледот на споменикот, што беше подигнат крај Нова Градишка, на местото на сообраќајната несреќа во која тој го загуби животот.

На социјалните мрежи можат да се прочитаат огромен број на пораки, со кои се негодува поради изгледот на споменикот.

„Намерата е добра, но статуата воопшто не личи на Тоше“, напиша еден обожавател.

„Ако ова е Тоше, тогаш јас сум Пленковиќ“, „Ниту Македонците не би го препознале“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

„Сакам да знам какви им биле изразите на лицата кога градоначалникот го тргнал чаршавот и ја покажал статуата“, напиша друг.

Да потсетиме, статуата на Проески ја изработи скулпторот Славко Буниќ, а на откривањето присуствуваа амбасадорот на Северна Македонија Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево Томе Христовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...