18.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаДоаѓаат поубави времиња: Победникот на парламентарните избори во Бугарја гледа можно решавање...

Доаѓаат поубави времиња: Победникот на парламентарните избори во Бугарја гледа можно решавање на спopoт со Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новата бугарска партија „Продолжуваме со промената“(ПП), која беше создадена на бранот масовни протести против корупцијата, освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори, покажуваат резултатите врз основа на обработените анкети.

<

Според 42 отсто од обработениот избирачки материјал во Бугарија, оваа партија освои 26 насто од гласовите, значително повеќе од очекуваното, а на второ место е коалицијата на ГЕРБ, на донеодамна владеачката партија на поранешниот премиер Бојко Борисов, која освои 21 отсто.

Партијата ПП, која пред неколку недели ја основаа дипломците од американски Харвард, Кирил Петков и Асен Василев , брзо доби широка поддршка од граѓаните со одлучните акции против корупцијата и ветувањата дека ќе обезбеди транспарентност во работењето на владата и ќе спроведе реформи во клучните области. „Гласав за продожување на промените. Гласав бидејќи сметам оти Бугарија може повеќе“, изјави вчера Петков.

Шанси Бојко Борисов да формира нова влада речиси и не постојат, бидејќи овогодишните истраги за корупција во време на неговиот мандат доведоа до тоа останатите партии да ја исклучат можноста за постизборна коалиција со партијата ГЕРБ.

Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Македонија, во кои, според него, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието.

Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија.

Петков кажа дека не е нормално ако некој сака со авион да стигне во Скопје, да поминува низ Виена, ниту пак е нормално да нема железничка врска што ги поврзува двете земји. Според него, не е нормално и бугарскиот бизнис полесно да работи во Австралија отколку во Македонија, а истото важи и за македонскиот бизнис.

– Треба да почнеме да зборуваме за сите аспекти на добрососедските односи кои можат да имаат корист од тоа, вели Петков.

То смета дека работните групи треба да имаат јасни цели и да се состануваат еднаш месечно, а не на шест месеци.

– Бугарија мора да го брани својот национален интерес, а тие мора да го бранат својот интерес, но под заеднички именител дека двете земји имаат што да добијат од добрососедските односи, рече Петков.

Кирил Петков не одговори на директното прашање на БНТ дали Бугарија треба да го тргне ветото за Македонија на 14 декември, велејќи дека е невозможно да се зборува за конечни резултати без работен процес и додаде дека овој процес ќе биде највисок приоритет на идното раководство на Министерството за надворешни работи на Бугарија, за да не се губи време.

– Не можеме да кажеме овој или оној датум без да видиме како се одвива овој процес. Сакаме да почнеме со добрососедство, добра волја и се надевам дека со многу конструктивност ќе се најде начин да се постигнат многу подобри резултати од досегашните, изјави Петков.

Тој потврди дека биде кандидат за премиер на Бугарија од името на коалицијата „Продолжуваме со промената“, а Асен Василев е најдобар кандидат за министер за финансии. Петков рече дека „Продолжуваме со промената“ нема да разговара со ДПС и ГЕРБ, туку ќе преговараат за коалиција со „Демократска Бугарија“, БСП и со „Има таков народ“. Идната влада на Бугарија мора да има целосен мандат, смета Петков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...