12.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаврши рокот за пријавување: Фросина Ременски Број1, дали таа ќе го...

Заврши рокот за пријавување: Фросина Ременски Број1, дали таа ќе го замени Заев?! !

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фросина Ременски, една од четворицата кандидати за претседател на СДСМ претпладнево објави фотографија со изборен постер како Кандидат бр.1. Централната изборна комисија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска требаше ги верификува кандидатурите кои ги исполнуваат критериумите за избор на претседател на партијата, откако вчера во 16 часот заврши рокот за пријавување.

<

Освен Ременски за претседателската функција се самоканидираа Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.

Ременски на својата интернет страница денеска објави текст во кој споделува претходни изјави дека нејзината кандидатура била неочекувана, бидејќи се лицитираше со други кандидати.

„Очекуваам поддршка од сите искрени членови на СДСМ – младите, жените, старите заборавени борци …, од сите што се вградиле во партијата и придонесоа за победата во 2016 година. Не е време за дворски игри, подметнувања и суети – време е да засукаме ракави за победа, вели Ременски.

Програмата на Деспотовски се вика „Концепт 28“ во која, според него, фокус се луѓето.

Ковачевски ја достави кандидатурата со програмата „Заедно, одговорно и посветено“ по што на својот фејсбук-профил напиша дека „во време на предизвици со кои се соочува македонското општество одговорно е да се преземе чекор, да се делува.

Изборот за нов претседател на партијата се одржува по оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по завршување на вториот круг од локалните избори, преземајќи одговорност за како што изјави тој лошите резултати од изборите.

Со Одлуката на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година. Постапката за кандидирање започна на 27 ноември, а заврши вчера.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...