19.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаЗабаваТи си невepник: Папата нападнат од свештеник при посетата на поглаварот на...

Ти си невepник: Папата нападнат од свештеник при посетата на поглаварот на Грчката православна црква !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Папата Франциско во Атина се сретна со архиепископот Атински и цела Грција Јероним, а вербален инцидент се случи кога папата влезе во резиденцијата на поглаварот на Грчката православна црква.
„Папа, ти си еретик !“ трипати извикал свештеникот додека Фрањо доаѓал во резиденцијата, пренесува АП.
Свештеникот паднал на земја, по што полицијата го одвела, а, како што пренесува АП, се чинело дека поглаварот на Римокатоличката црква тоа не го ни забележал додека влегувал во резиденцијата на средба со грчкиот надбискуп.
Инцидентот уследи по малите протести на Кипар, кој папата претходно го посети, а чии жители Грци се исто така претежно православни, каде што папата повика на помирување на православните и католичките христијани.

<

Oфицијална посета на Грција е прва посета на папа од 2001 година, кога папата Јован Павле Втори беше во Атина, кој тогаш се извини за гревовите што католиците ги направиле или пропуштиле за православните браќа низ вековите.

Папата Франциско денеска го повтори своето извинување пред Јероним и пред другите православни свештеници.
Двајцата црковни водачи денеска ги повикаа христијаните да работат заедно за да ја заштитат животната средина и да се грижат за мигрантите, а Јероним рече дека целосно ги споделува ставовите на папата за создавање силни врски за справување со овие глобални предизвици.
Папата Франциско вчера пристигна во Атина, како дел од турнејата низ медитеранските земји за време на која сака да укаже на страдањата на мигрантите и бегалците.
Грчкиот претседател Катерина Сакеларопулу го пречека папата Франциско во Атина на почетокот на неговата тридневна посета, пофалувајќи ја неговата работа и неговата длабока социјална чувствителност, објави Ројтерс.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...