13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаУставен пресече: Автопати може да се прават и без тендер !!!

Уставен пресече: Автопати може да се прават и без тендер !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Уставниот суд пресуди во корист на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ и не поведе постапка за оценување на уставноста на специјалниот Закон за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10.

<

-Голема одлука денеска во Уставниот суд. Надмината е и последната законска пречка за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја и сега ќе се преговара за градежен договор со компанијата „Бехтел–Енка“, објави првиот вицепремиер Артан Груби.

Инаку, Собранието по скратена постапка донесе закон, со кој е утврдено конзорциумот „Бехтел-Енка“ да ја изгради делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан и делница на автопатот Прилеп – Битола.

Но, Државната антикорупциска комисија оцени дека со овој закон се ограничува конкуренцијата и можноста од фер натпревар за тоа кој да ги гради автопатските делници, бидејќи не се предвидува тендерска постапка.

Затоа, антикорупционерите побараа да се поништи и стопира неговата примена, бидејќи, според нив, постои висок ризик на корупција, меѓутоа Уставниот суд ја отфрли нивната иницијатива.

Извор:Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хрват обвинет за силување овца, кобила и мртва кокошка: Ги признал сите дела

Уште еден маж е обвинет за силување животни во Славонија. Според Нови лист, Општинската канцеларија на државниот обвинител го обвини 43-годишниот невработен градежен работник за...

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...