12 C
Ohrid
четврток, април 17, 2025
ПочетнаМакедонијаШеќеринска поднесе оставка – „Не се согласував со политиките на СДСМ“

Шеќеринска поднесе оставка – „Не се согласував со политиките на СДСМ“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за одбрана објави дека нема да биде дел од новата влада, поради „принципиелни причини“, односно, поради тоа што не се согласува со дел од политиките на СДСМ во изминатиот период. На почетокот на годината, се повлече и партиското раководство..
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нема да биде дел од новата влада, што се очекува наскоро да ја формира новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, откако Зоран Заев ќе ја поднесе премиерската оставка во парламентот.
Шекеринска денес објави дека се повлекува од Владата, поради, како што прече, принципиелни причини, затоа што не се согласува со дел од политиките на СДСМ во изминатиот период. Таа посочи дека поради тоа, во почетокот на годинава, решила да се повлече и од раководството на СДСМ, каде што до последниот конгрес беше заменик-претседателка, во два мандати.

<

„Тогаш најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ поради тоа што не се согласував со дел од политиките. И мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори. За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги слушнавме или не ги разбравме. Затоа мислам дека единственото чесно или принципиелно поведение, единствената чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада“,

Изјави Шекеринска, на прес-конференција во Министерството за Одбрана, додавајќи дека за оваа своја одлука ги известила и „колегите“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...

Стојанче Стефанов е 62-тата жртва од пожарот во Кочани.

Согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 1998 година. Станува збор за...

Дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва- Почина 24 годишно момче.

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани,...