Премиерот Зоран Заев во среда ќе ја поднесе оставката од премиерската функција во Собрание. Во оставка ќе биде и цела Влада, а пратениците нема да имаат можност да му поставуваат прашања.
<
Актот ќе следува на истиот ден по предновогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.
Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев.