20.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКога те бива, за се те бива-Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер...

Кога те бива, за се те бива-Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции, потврдува за ТВ 24 висок владин функционер. Освен Маричиќ најверојатно нов вицепремиер ќе има и за борба против корупција, додека Фатмир Битиќи останува потпретседател за економски прашања.

<

Ротацијата на Маричиќ е само една од промените на ресори за кои според истиот функционер ја планира идниот мандатар Димитар Ковачевски. Во можните ротации се споменува и Љупчо Николовски за во одбрана, иако тоа сè уште виси.

Нови имиња кои се очекуваат во извршната власт на кои инсистира да преземат поголема одговорност Ковачевски е заменичката претседателка во СДСМ Сања Лукаревска. Извесно е и дека пратеничката фотелја ќе ја напушти и Славјанка Петровска, која изигра една од клучните улоги за СДСМ во техничката Влада лани, како дополнителен министер во МВР.

Сепак сè уште не е пресечено дали таа ќе оди во некои од министерствата или ќе добие една од директорските функции во безбедносните агенции. Доколку станува министерка во игра се неколку ресори, меѓу кои и правда, како и МВР, во случај Ковачевски да пресече дека Оливер Спасовски освен од партиската функција треба да си замине и од министерската, особено по поразот на неговиот фаворит во Куманово.

Сепак според партиски извори во СДСМ за ова Ковачевски сè уште не пресекол. Во транспорт и врски се споменува Петре Шилегов, додека првиот избор на Ковачевски за нов човек во образование поранешниот пратеник Игор Ивановски ја одбил понудата актуелната министерка па Мила Царовска откако пред извесно време ТВ 24 објави дека Ковачевски не смета на неа ниту во владата ниту во раководството во СДСМ, денеска самата, како што коментираат од партиски функционер за да ја пресретне смената, самата најави повлекување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Втор инцидент за два дена: “Параглајдерист виси на жици во с.Беранци- Битола”

Нов инцидент со параглајдер се случи вчера во селото Беранци, во близина на Битола. Според првичните информации, параглајдеристот завршил заглавен на електрични жици. Засега...

Владата ја зголемила платата на Стојанче Ангелов за 12.784 денари, сега изнесува над 105.000 денари!

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, ПЛАТИТЕ РАСТАТ, САМО НЕ НА РАБОТНИЦИТЕ Ако зголемувањето на платите на работниците кое им...

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...