2.7 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАвтопатот до Охрид може и да почека: Сега ќе се гради автопат...

Автопатот до Охрид може и да почека: Сега ќе се гради автопат од Гостивар до Кичево

spot_img

Се обезбедуваат средства за реализација на проектот за изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8. Денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси го потпишаа договорот за гаранција на РС Македонија наменет за финансирање на патниот дел од Коридорот 8 (прва фаза) со што се обезбедуваат 110 милиони евра за изградба на делницата Букојчани – Кичево. Дополнително беше потпишан и договор за заем од страна на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси.

Вкупната инвестициска вредност на делницата Букојчани – Кичево изнесува околу 130 милиони евра, при што 110 милиони евра се заем од ЕБОР, а останатите 20 милиони евра се обезбедени од инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ како инвестициски грант.

„Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за нашата инфраструктура, којшто ќе ја направи земјата поконкурентна. Со изградба на патната инфраструтура од Коридорот 8, во РС Македонија  ќе се заокружи изградбата на Паневропскиот коридор значаен за подобра поврзаност на РС Македонија, Албанија и Бугарија со другите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст“, истакна Бесими на потпишувањето на договорот.

Анди Аранитаси, шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија, рече дека ЕБОР има клучна улога во поддршката на македонскиот патен сектор од 2001 година.

„Банката ја финансира изградбата и модернизацијата на регионалните, локалните и паневропските патишта, притоа организирајќи дијалог за водење политики со цел зајакнување на институциите во земјата. Со оваа нова инвестиција повторно ја потврдуваме нашата заложба за изградба на подобра транспортна инфраструктура во земјата во корист на нејзините граѓани и деловната активност. Проектот ќе придонесе кон зголемено учество на приватниот сектор во работењето и одржувањето преку објавување тендер за договор за изградба и одржување, вклучувајќи го и справувањето со ризици од климатски промени во текот на фазите на изградба, управување и одржување на проектот“, вели тој.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми истакна дека со изградбата на автопатската делница значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување, a ќе се зголемат и можностите за социо – економскиот развој.

„Делницата на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево проектирана е пред повеќе од 50 години и изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои, има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно – динамички услови, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки“, потенцира Рустеми.

Дополнително, за обезбедување на финансиската рамка за патната инфраструктура од Коридорот 8, со Буџетот за 2022 година се обезбедуваат околу 6 милијарди денари за изградба на делниците Ќафасан – Струга – Требениште и Тетово – Гостивар – Букојчани од Коридорот 8,  како и за автопатската делница Прилеп – Битола од Коридорот 10.

Склучувањето на договорите за проектот Патен коридор 8 – прва фаза на проектот, делница Букојчани – Кичево, е дел од соработката на Република Македонија со Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, којашто години наназад дава значајна поддршка на земјата во процесот на членство на земјата во Европската Унија преку доделување заеми под поволни услови, грантови и техничка помош за подготовка и реализација на значајни инфраструктурни проекти.

Реализацијата на овој проект е еден од приоритетите на Владата во рамки на клучната област „Одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...