19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица – Охрид бара кривична одговорност од сите директори на ЈП кои...

Левица – Охрид бара кривична одговорност од сите директори на ЈП кои со своето незаконско работење ги оштетиле јавните претпријатија и од претседателите и членовите на Управните одбори !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Аврамоска: Kривична одговорност од директоритe на ЈП кои незаконски ги оштетиле нивните буџети…
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески одржаа прес-конференција по повод долговите на Општината и Јавните претпријатија кои ги остава претходната власт. Модераторот на Левица и советник во Општина Охрид, Виолета Аврамоска во врска со оваа тема, преку својот фејсбук профил се обрати на јавноста, барајќи одговорност за овие постапки.

<

Во прилог ви го пренесуваме нејзиното обраќање.

„Како советник од Левица во Советот на Општина Охрид се согласувам со транспарентното известување од страна на градоначалникот на охридската јавност во врска со долговите во кои претходната локална власт ја остави општината, но не слушнав ништо во врска со она што сите ние како охриѓани, сакавме да го слушнеме: Дали ќе има одговорност за сите оние кои работеле незаконски?

Левица – Охрид бара кривична одговорност од сите директори на ЈП кои со своето незаконско работење ги оштетиле јавните претпријатија и од претседателите и членовите на Управните одбори, бидејќи управните одбори не се само декор во ЈП.

Бараме одговорност и кривични пријави и за директорите на ОУ ,,Христо Узунов” , ОУ ,,Григор Прличев” и ОУ ,,Климент Охридски”.

Левица – Охрид бара кривични пријави и одговорност за поранешниот градоначалник и неговите соработници кои се инволвирани во ваквото незаконско работење и криминал со што Општина Охрид е оставена во долгови од 22 милиони евра.

Левица – Охрид бара ревизија на работењето на сите градоначалници во Охрид од осамостојувањето до денес.

Криминалот мора да се обелодени со име и презиме. Одговорност мора да има. Не смееме повеќе да дозволиме постојано да се амнестирате од одговорноста едни со други, како што до сега беше пракса во Охрид. Општината со децении тоне во долгови, но ниту еден директор на ЈП и ниту еден градоначалник до сега не одговарал кривично поради тоа. Секако цената за нивното незаконско работење ја плаќаат работниците и граѓаните на Охрид.

Ваквата пракса мора да престане. Охриѓани заслужуваат чесни луѓе на власт.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...