3.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаФОТО: Страшна сообраќајка во центарот на Велес, тројца повредени

ФОТО: Страшна сообраќајка во центарот на Велес, тројца повредени

Страшна сообраќајна несреќа се случи околу полноќ во центарот на Велес, кај кружниот тек. Доаѓајќи од правец на мостот Гемиџии кон центар, автомобил со странски регистарски таблички, прво удрил во ротондата на кружниот тек, а потоа излетал од патот, удрил во канделабра и се превртел веднаш до споменикот на Кочо Рацин.

Во возилото кое е целосно уништено се повредени тројца, од кои двајца со итна медицинска помош се пренесени во болница, соопштија од Итната медицинска помош.

Во 23.54 е примен повик за сообраќајна незгода кај кружен тек кај Стоковна. Во едно возило заради неприлагодена брзина и подмрзнат коловоз повредени се три лица. Со возилото на Итната медицинска помош во болница се пренесени двајца патници од возилото. Едниот има скршеница на клучна коска, а другиот има повреди на лице“, рече др. Јадранка Мишкова дежурен лекар од Итната медицинска помош.
Фото:БаталиНет

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...