32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЌерката на Шенка Колозова: Јавете ми кога пак ќе се појави некој...

Ќерката на Шенка Колозова: Јавете ми кога пак ќе се појави некој како Заев во оваа политичка касаба

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

пишува: КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

<

Бев најголем противник на слевањето на граѓанското движење со СДСМ во годините на протести. Бев убедена дека нема зошто нашата битка изградена на грасрут ниво да ја ставиме под капата на една партија, каде што партијата глуми граѓанско движење а движењето, и не сфаќајќи што му се случува, во когнитивна дисонанца, се наоѓа себеси како продолжение на партија. Го хејтав концептот и Заев тогаш. И уште мислам дека беше грешка- сигурно сите ние, пак, ќе гласавме за нив, за кој друг, и заради нас и повеќе народ – ако не се обидуваа да нѐ проголтаат (СДСМ нас).

Зборам за минимум година дена пред идејата за Левица, за која створија основа самите СДСМ со постојаната поларизација и етикетирање на „автентичните” и „неутралните”, непослушните кон СДСМ – тие што не сакавме во „револуцијата” да нѐ предводи СДСМ. Така си го намалија „симболниот капитал” кој сигурно ќе беше поголем ако движењата си останеа автентично и видливо самостојни. Стратегијата им беше погрешна.

Но, како течеше времето, стануваше сѐ појасно дека Заев се труди да направи партија која ќе биде народна, демократска, ќе управува флексибилно – со сите грешки, глупости и интерни кочници затоа што СДСМ кој го наследи беше транзиционен диносаурус. Нејсе, се впушти во решавање на агонијата со Грција, Бугарија, Србија во делот на Црквата – отворање пат кон ЕУ наспроти инаетот на Франција- како го правел ова, колку отстапки направил, дали можело подобро и со помалку отстапки – нема никогаш да знаеме. Но, ние во UN бевме држава БЕЗ име, со привремена референца, и еднаш ќе сфатите дека никој не „дал” никакво име, ние тоа име го немавме, немаше што да дадеме! (Доста со тие билатерални признавања. И Палестина е билатерално признаена од стотици држави, па не е држава во УН).

Е сега вака, кој влегува во вакви авантури за сопствена полза? Кај е тука личната корист, што, како лично му користи на Заев од сите драми низ кои мина во делот на меѓународната политика? ШТО е опортунистичко и лично полезно во сите тие акробации? Правилно или погрешно, работите ги правеше од верба, убедување, идеализам (со кој не мора да се согласите, во делот на целите). Му се смеевте, нерафиниран, од Муртино, „продаден” (кому бре? на Грција, кому?), фино. Но останува фактот дека неговите „налудничави” салта мортале беа правени од убедување и за идеја. Јавете ми кога пак ќе се појави некој таков во оваа политичка касаба.

Текстот е личен став на Авторката
Превземено: од FrontLine.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...