26.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаЗабаваСтуденти од Охрид освоија Гран при и 9 медали на меѓународен натпревар...

Студенти од Охрид освоија Гран при и 9 медали на меѓународен натпревар по гастрономија во Истанбул

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Медалите се освоени во категоријата специјалитети од пилешко месо, паста, а со наградата Гран при станаа неприкосновени и апсолутни победници во категоријата мистериозна кутија. На фестивалот учествуваа повеќе од 3.500 натпреварувачи од целиот свет

<

Со куп награди од Истанбул се враќаат студентите од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, насока Гастрономија, кои учествуваа на Меѓународниот натпревар по гастрономија во Турција. Во конкуренција од 700 учесници, тие успеаја да освојат Гран при и девет медали, од кои 5 златни, еден сребрен и три бронзени. Наградениот тим го сочинуваат студентите Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски.

Tројцата студенти од ФТУ-Охрид ја освоија највисоката награда во категоријата „мистериозна кутија“ (Black Box), имајќи само 30 минути време да подготват врвен специјалитет со непознати намирници. Организаторот на фестивалот, Светската организација на готвачи, ги одликува македонските натпреварувачи со златни медали и им ја врачи Гран при наградата „Златно тавче“, соопштија од Факултетот на последниот натпреварувачки ден, 25 декември.

 

Селектор на екипата е доц. д-р Климент Наумов, кој од неодамна е назначен за раководител на студиската насока Гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Во изминатиот период тимот трудољубиво работеше и вежбаше во факултетскиот кабинет по готварство под менторство на професорот Наумов, а во координација со м-р Момчило Цониќ од Лесковац, Србија, експерт од областа на готварството и докторанд на Охридскиот факултет.

– Овие достигнувања на нашите студенти претставуваат огромен успех во промоцијата на македонската гастрономија во светски рамки – рече доц. д-р Климент Наумов.

Ректорот на Битолскиот универзитет, Сашо Коруновски, изјави дека е големо задоволството што се враќаат достојно и како шампиони од ваков престижен натпревар.

Mеѓународниот гастрономски фестивал Истанбул, кој по 18. пат го организира Федерацијата на готвачи и шефови на кујни на Турција (COCFED), се одржа во Евроазискиот саемски центар (Avrasya Fuar Merkezi) заедно со Светската асоцијација на здруженија на готвачи (WACS). На овогодишниот фестивал учествуваа повеќе од 3.500 натпреварувачи од целиот свет.

Фото: веб-страница УКЛО

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...