27.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаДиpeктopoт на болницата не го пyштил Штипскиот градоначалникот да го даpyва првото...

Диpeктopoт на болницата не го пyштил Штипскиот градоначалникот да го даpyва првото новopoденче во 2022 година !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во штипската Клиничка болница изутрината во 9 часот се роди првото новороденче во 2022 година. Станува збор за здраво женско бебе, тешко над 4 килограми, а неговата мајка е од Радовиш.Но, традиционалната посета и подароци за првороденото бебе годинава во Штип изостанаа. Градоначалникот Иван Јорданов и претставниците од неговиот кабинет доцна попладнево беа пред вратата на Гинекологија и акушерство, но од другата страна никој не им отвори. Образложението од болницата е дека има посебни протоколи, а директорот, Ален Ѓеорѓијев најави дека на прес-конференција утре ќе образложи,зошто градоначалникот со подароците не влегол на одделението.

<

-Наместо првото новороденче за 2022 година да донесе општа радост и да ги сокрие фрустрациите на Директорот на Клиничката болница, во најлош облик го откри нечовечкото во него.
Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение.

Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него – напиша штипскиот градоначалник на ФБ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...