14.9 C
Ohrid
понеделник, април 28, 2025
ПочетнаМакедонијаНикна нова туристичка агенција: "Беса транс од Прешево" ќе носи македонски туристи...

Никна нова туристичка агенција: “Беса транс од Прешево” ќе носи македонски туристи на Божиќна тура за Истанбул

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Беса Транс, но сега туристичка агенција од Прешево организира Божиќни тури за Истанбул и за македонските граѓани.

<

За само 79 евра нуди аранжман од 6 до 13 јануари со две ноќевања и три ноќи во градот на Босфор. И она што е најсимптоматично – тргнувањето е од Скопје, Тетово и Гостивар.

„Телма“ се обиде да уплати аранжман за ова патување кое почнува утре за да дознаеме од каде „никна“ оваа агенција на социјалните мрежи која го има истото име со нашата агенција Беса Транс- која го организираше кобниот пат за Турција во кој животот го загубија 45 граѓани.

Ниту надлежните слушнале, ниту знаат дали се работи за иститите автобуси и истиот газда – Беким Хаџиу кој по несреќата е надвор од државата. Него го испитуваат бугарските истражни органи.

Потрагата која е агенција од соседството тргна од дома. Се јавивме во Беса Транс во Скопје.

По повеќе обиди се јави женски глас кој не уверуваше дека не работат и тие не ги организираат овие тури.

Истото го тврди и инспекторатот кој се уште не успеал да влезе во седиштето на агенцијата но и се откажал, бидејќи на агенцијата и се одземени лиценците и е затворена – тврдат од инспекторатот.

Од таму убедуваат дека странска агенција не смее да зема патници од земјава, а тоа требало да го контролира полицијата и царината.

Дека домашната агенција нема лиценци потврдија и од Министерството за транспорт.


Извор: Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: На местото на крвавата заседа кај Вејце- 24 години подоцна !!!

НА МЕСТОТО НА КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ 24 години подоцна Утрово, делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени...

Ќе плаќате и за увид во сопствените пари – НЛБ Банка воведува нови повисоки трошоци за клиентите

Од 23 јуни 2025 година, НЛБ Банка ќе воведе измени во тарифите и општите услови за физички и правни лица, објави Слободен печат. Според новиот...

Почина 34 годишен прилепчанец од удар од Гром !!!

Триесет и четиригодишен прилепчанец со иницијали А. Е. е лицето кое вчера попладне починало од удар од гром во селото Мажучиште, информираат од Министерството...