10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаТаткото на Ѓоковиќ го спореди својот син со Исус, кого го распнале,...

Таткото на Ѓоковиќ го спореди својот син со Исус, кого го распнале, но тој издржал и е жив меѓу нас.

Таткото на српскиот тенисер, Новак, Срѓан Ѓоковиќ повика на протест пред српското Собрание попладнево, а неговото семејства одржа прес-конференција на која порача дека српскиот тенисер не прекршил ниту еден закон и правило.

-Нашиот Новак, нашата гордост. Новак е Србија, а Србија е Новак, со тоа што го газат Новак, ја газат и Србија. Тие сакаат да го фрлат на колена, не само него, туку и Србија. Ние сме горд народ, цивилизиран, никого не сме напаѓале, само сме се бранеле, тоа сега го прави и Новак, рече неговиот татко.

Тој го спореди својот син со Исус, кого го распнале, но тој издржал и е жив меѓу нас.

-Новак се обидуваат да го распнат на ист начин, да го потценат, да му прават се и сешто. Срам да ви е тоа да му го правите на најдобриот спортист на светот и најдобриот човек на светот, срам да им е. Тој ќе издржи, како што издржавме и ние. Ние сме горд српски народ. Некои погрдно зборуваат Новак Балканецот добил специјален исклучок. Не Новак, туку и 26 тенисери поднеле исти документи како и тој. Ним не им правеа проблем, Новак саакаат да го понижат. Можеа да кажат немој да доаѓаш, ама не. Го држат во затвор, му ги зеле сите работи и новчаник. Му оставиле само мобилен телефон, нема ни каде да се пресоблече. Нашиот новак е заробеник на тие скотови, ова не е борба на Новак и Србија, туку на седум и нешто милијарди луѓе на светот за слобода на говорот и однесувањето. Новак не прекрши ниту еден закон. Со тебе сме Новаче, рече Срѓан Ѓоковиќ.

Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ изјави дека неговиот брат не прекршил ниту еден закон, ниту едно правило на Федералните власти во Австралија, кои му ја откажаа визата за влез во земјата и така го оневозможија да учествува на Австралија опен во Мелбурн.

Според него, Новак, цело време претходните месец дена комуницирал со Тениската федерација на Австралија и заеднички дошле до исклучок според кој Новак, но и други тенисери отишле во Австралија.

Имал исти документи со неколку други тенисери кои веќе се на тлото на Австралија, а само него го задржале.

-Сместен е во мигрантски хотел, во валкана соба, без ништо и речено му е дека ќе ги добие дури по враќањето во Европа, изјави Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Според него, Новак може да се врати сам во Европа, но ако го направи тоа му се заканува забрана за влез во Австралија три години.

Во Австралија пак голем број фанови се собраа пред хотелот „Парк“ во Мелбурн за да му дадат поддршка на Новак Ѓоковиќ, а како што објавуваат тамошните медиуми на улиците во градот се забележани крајно бизарни сцени.

Поради тензиите кои се создадоа откако на светскиот тенисер број еден не му беше доволен влез во Австралија и учество на „Австралија Опен“, а тој одлуката по неговата жалба ја чека во хотел, дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што се приведени две лица.

Инцидентот се случил кога две лица се искачиле над влезот на хотелот за да постават транспарент за „ослободување“ на сите „приведени“ во хотелот, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, но и голем број мигранти. Полицијата ги уапсила, што предизвикало револт кај другите насобрани.

Пред ова, имало инцидент на фановите на Ѓоковиќ со други луѓе кои се собрале да го изразат својот протест против односот на австралиските власти кон бегалците.

Австралискиот федерален суд го прифати барањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и му дозволил да остане во Мелбурн до понеделник кога ќе ја соопшти одлуката дали ќе биде депортиран. .

На тенисерот не му е дозволен влез во земјата, бидејќи, според австралиската гранична служба, направил грешка при аплицирањето за виза и таа не ги исполнува условите за влез во државата.

Членот на тимот на Ѓоковиќ, кој беше задолжен за документацијата, направил грешка и го избра типот на виза што не може да се добие со медицинско ослободување од вакцинација против Ковид-19. Поради тоа, на Ѓоковиќ му била откажана визата.

Fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...