27.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСтоле Димитриевски ќе биде новиот голман на Барселона?!

Столе Димитриевски ќе биде новиот голман на Барселона?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Столе Димитриевски го немаше на вчерашниот меч за Рајо Валјекано против Бетис. Тренерот на Рајо објасни дека Столе бил повреден, но и покрај ситната повреда, една од причините е и што деновиве го комплетира трансферот на кариерата! ЕКИПА дознава дека само прашање на време е неговото заминување од Рајо и преминот во големата Барселона. Веќе има договор, челниците на Рајо ги договорија сите детали, и сега останува само потпис и промоција. Според информациите, Димитриевски веќе се збогувал со соиграчите од тимот, и сега трансферот од соништата е извесен.

<

Димитриевски го остварува својот сон, станува дел од еден од најдобрите светски клубови. Ќе треба да се бори за место во тимот со Тер Штеген, и покрај тоа што и иднината на Германецот е неизвесна и се шпекулира на негово заминување. Ако тоа се случи, тогаш ќе биде уште подобро за Столе.

.Димитриевски сезонава игра фантастично, ја има својата најдобра полусезона во кариерата. Четврти голман во Европа по број на одбранети удари во просек, еден од најдобрите во Шпанија, а беше сместен и во најидеалниот тим на полусезоната во Ла Лига. Одличната форма на Димитриевски го радува и селекторот Благоја Милевски пред баражот со Италија, а своите импресивни партии Столе ги промовираше и во репрезентативниот дрес и беше еден од заслужните што Македонија се пласираше во историскиот бараж.

Димитриевски пред извесен период беше посакуван и од рускиот тим Сочи, но се реши да остане во Рајо и се избори за место во првиот тим, а потоа стана и еден од најдобрите голмани што му донесе голем трансфер. Инаку освен Барселона, за Димитриевски има интерес и од неколку други шпански клубови.
.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков им посака успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери.

Имав чест денес да ги поздравам и да им посакам успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери. Особено сум горд што токму...

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...