-1.1 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаСветПоништена визата на Ѓоковиќ – ќе биде депортиран од Викторија пред Австралија...

Поништена визата на Ѓоковиќ – ќе биде депортиран од Викторија пред Австралија опен

Новак Ѓоковиќ наскоро може да биде депортиран од Мелбурн, само неколку дена пред почетокот на Австралија опен, откако федералниот министер за имиграција му ја откажа визата.

Светскиот број 1 слета во Австралија пред една недела, а претставниците на австралиските гранични сили му ја откажаа визата за влез во земјата бидејќи не е вакциниран.

Откако Ѓоковиќ помина еден викенд во притвор за имиграција, одлуката за укинување на визата од страна на Владата беше поништена од Федералниот окружен суд.

Но, во петокот попладне, министерот за имиграција Алекс Хок ги искористи своите дискрециони овластувања.

„ГО ИСКОРИСТИВ СВОЕТО ОВЛАСТУВАЊЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ИМИГРАЦИЈА ЗА ДА ЈА ПОНИШТАМ ВИЗАТА ШТО ЈА ИМАШЕ НОВАК ЃОКОВИЌ. ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ И ДОБАР РЕД, СЕ ВО ЈАВЕН ИНТЕРЕС. ОВАА ОДЛУКА УСЛЕДИ ПО НАЛОГОТ НА ФЕДЕРАЛНИОТ И ОКРУЖНИОТ СУД СОГЛАСНО КОЈ ОД 10 ЈАНУАРИ Е ПОНИШТЕНА ПРЕТХОДНАТА ОДЛУКА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ВИЗАТА. ПРИ ОВАА ОДЛУКА, ВНИМАТЕЛНО ГИ РАЗГЛЕДАВ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, АВСТРАЛИСКИТЕ ГРАНИЧНИ СИЛИ. ВЛАДАТА НА МОРИСОН Е ЦВРСТО ПОСВЕТЕНА НА ЗАШТИТАТА НА ГРАНИЦИТЕ НА АВСТРАЛИЈА, ОСОБЕНО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА“, ОБЈАСНИ ХОК ВО СООПШТЕНИЕ.

Адвокати на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката.

Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата.
Telma

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра.

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра. Станува збор за „дело“ на италијанскиот уметник Салваторе Гарау наречено „Јас сум“, што...

Бананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

Банана залепена со леплива лента за ѕид, провокативно уметничко дело на Маурицио Кателан, достигна цена од 6,2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во...

Семејството моли за помош: Веќе петти ден го нема младиот Виктор.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ. Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат...