12.7 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаЗабаваKавалите на чичко Милован се сувенири во многу домови во Америка, Канада,...

Kавалите на чичко Милован се сувенири во многу домови во Америка, Канада, Австралија, и на нив свират многу познати кавалџии

Милован Дачев живее во скопското село Трубарево, а со изработка на кавали се занимава пред повеќе од 30 години. На неговите кавали свират многу познати кавалџии, Ангеле Димовски, неговиот син Гоце Димовски, кој е член на групата „Синтезис“, потоа Стевче Стојковски кој настапува во оркестарот на Македонската радио телевизија… Неговите кавали можат да се сретнат и во домовите на многу иселеници од Канада, Америка, Австралија кои ги купуваат како сувенири. И покрај тоа што ова го работи со голема љубов, вели дека изработката на кавалот не е едноставна работа и потребни се повеќе часови работа. Од продажба на кавали нема голема заработувачка, но желбата и љубовта да направи нешто со сопствен потпис е голема, вели чичко Милован за ВЕЧЕР.

Милован Дачев е еден од ретките во Македонија кој се занимава со уникатен занает – изработка на кавали. Љубовта кон овој традиционален музички инструмент му се родила уште како дете кога постојано ги слушал неговите звуци од овчарите кои им свиреле на овците и музичарите кои свиреле на селските свадби. Со техниката на изработка на кавалот која веднаш го привлекла неговото внимание се запознал малку подоцна, но многу брзо ја усовршил. Неговите кавали освен кај познатите кавалџии можат да се сретнат и во домовите на многу иселеници од Канада, Америка, Австралија кои ги купуваат како сувенири.
Милован вели дека изработката на кавалот не е едноставна работа и потребни се повеќе часови работа. Самата изработка има неколку фази и трае од 2 до 3 дена. Вели дека покрај желбата и љубовта потребно е многу трпение, бидејќи правењето на шарата бара многу време и прецизност.

Потекнувам од светиниколското село Строиманци и уште како дете имав прилика да се запознам со овој музички инструмент кој едноставно ме плени со својата традиционална шара. Секој кавал е уникатен, бидејќи има посебна шара која е препознатлива и неповторлива. Кавалот се прави од јасен, но потребно е да се одбере дрвото додека е сирово за да може да се обработува. Се зема стебло најмногу еден метар од земја, бидејќи само од таму може да ја има потребната цврстина. Додека е сирово се дупчи на средина, а на него се прават 12 дупчиња. Од нив само 8 свират, а другите се слободни. Откако ќе се оформи како инструмент потребно е да му се даде лик, да се одбере шара. Потоа дрвото се делка, се мазни, а одредени делови се затемнуваат со јаглен. Кога ќе се завршат сите овие постапки се премачкува со зејтин, вели Милован.
Тој појаснува дека колку е кавалот подолг толку дава подлабок тон, а најчесто кавалите се изработуваат со должини од 64, 69, 71 и 81 сантиметар. Вели дека мајсторијата е во тоа да знаеш на кое растојание да ги поставиш дупките за да даде добар звук.

Исто така потребно е кавалот да тежи од 60 до 70 грама, но најважно е за каква намена се користи. Доколку се купува за сувенир тогаш тежината и не игра толку голема улога, но ако се купува за свирење тогаш вистинските мајстори знаат да го препознаат тоа. Тие пробуваат повеќе кавали и на крај одлучуваат кој да го купат тој што им лежи.

Милован вели дека од продажбата на кавали нема голема заработувачка, но желбата и љубовта да се направи нешто со сопствен потпис е голема. Еден кавал чини 50 евра, а има нарачки од секаде.

ИзворВЕЧЕР

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...

Сашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања- Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Драги сограѓани, Мои Охриѓани, Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Полиција во домот на родителите на Боки 13 во моментов, подкастот е паузиран

Во моментов е вториот дел од интервјуто на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во студиото на Лазаров. Во самото интервју кое е во живо...

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...