19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаАмпева: Доколку работниците од православна вероисповед работат за Водици им следува празнична...

Ампева: Доколку работниците од православна вероисповед работат за Водици им следува празнична дневница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пристигнати се околу 40-тина пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици, вели за МИА, Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа појаснува дека сопствениците на фабриките согласно Законот не пријавуваат во Државниот трудов инспекторат оти утре нивните работници ќе бидат на своите работни места и ќе тече производството, но на работниците доколку се на работните места и за нивниот труд им следува празнична дневница.

<

-Ги известуваме работниците и работничките кои ќе работат на 19.01.2022 година, Богојавление – Водици, дека им следува празнична дневница поради работа на празник и доколку не им е соодветно платено кога ќе земат плата за јануари 2022 година, да пријават за да можеме да реагираме до Државниот трудов инспекторат со цел да се задолжат работодавачите да го исплатат секој труд кој работникот го вложува во своето работење за време на празници, вели Ампева.

Правникот во НВО „Гласен Текстилец“, Иван Николов објаснува доколку на пример дневницата изнесува 1.000 денари, а работникот работи утре за време на верскиот празник истата се зголемува за 50 отсто и тоа значи дека на платата за јануари треба да добие празнична дневница од 1.500 денари. Посочи дека загрижува тоа што утре поголем дел од погоните од текстилната индустрија ќе работат, а тие како „Гласен Текстилец“ будно ја следат ситуацијата и ќе достават пријави до Државниот инспекторат за труд по истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, за инспекторите да проверат дали на работниците им се исплатени празнични дневници. Во новиот Закон за работни односи ќе побараат сите верски празници да бидат неработни, освен за оние работници кои писмено ќе побараат да работат за време на празник, а за возврат да добијат празнична дневница

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...