18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникoт на Пустец: Aктивностите на бугарската амбасада немаат никакво влијание врз...

Градоначалникoт на Пустец: Aктивностите на бугарската амбасада немаат никакво влијание врз Македонците

Да, точно е тоа дека разни бугарски организации се активни на територијата на Општина Пустец, донираат возила, даваат подароци, ветуваат, ама ве уверувам дека тоа нема никакво влијание врз Македонците во Албанија, вели во интервјуто за јутјуб каналот на здружението на граѓани Нов АСНОМ, Пали Колефски, градоначалник на Пустец, општина кај нашиот западен сосед населена со македонско население.

Пали Колефски е градоначалник на општината од 2019 година како кандидат на Социјалистичката партија на Албанија. Тој вели дека Пустец е најсиромашната општина во Албанија и дека голем дел од жителите (5.200 жители) се на привремена работа во Македонија, Грција, Италија, Германија.

Во однос на активностите на бугарската држава на територијата на Албанија и нивните обиди македонското малцинство во оваа држава да го прикажат како бугарско, Колефски вели дека тоа нема никакво влијание.

„Ние сме отворени за соработка со сите кои со добра намера сакаат да помогнат. Кај нас во општината, кај нашите жители активностите на бугарската амбасада од Тирана немаат никакво влијание во однос на остварување на нивните интереси. Бугарската амбасада навистина е најактивна, бугарски невладини организации даваат помош, подароци за децата, донираа противпожарно возило, теренско и амбулантско возило за општината. Ние сме отворени за сите. Чекаме помош и од Македонија. Има некаква помош и од Македонија, ама не во тој обем во кој треба биде и кој го посакуваме. Ние сме најсиромашната општина во Албанија. Најавени се некои посериозни инфраструктурни проекти за општината од страна на Фондот за развој на Албанија кои очекуваме годинава да почнат да се спроведуваат“, вели Колефски.

Тој смета дека Македонија треба да ја смени политиката во однос на грижата за Македонците надвор од државата, дека треба да се формира некаков фонд за помош на сите македонски организации во Албанија, Грција, Бугарија и други држави. Македонија треба да покаже поголема грижа за нас Македонците надвор од границите на Република Македонија, нагласува Колефски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...