2.9 C
Ohrid
недела, април 6, 2025
ПочетнаМакедонијаПлевнелиев - Албанија е подготвена за во Европа но Скопје не е...

Плевнелиев – Албанија е подготвена за во Европа но Скопје не е и не може да оди

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговори со Европската Унија. Македонските тајни служби се огранок на Србите, а Србите огранок на Русите. Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ. Ова го изјави бугарскиот експретседател, Росен Плевнелиев, одговарајќи на прашање на БГНЕС во врска со резултатите од недамнешната посета на бугарскиот премиер, Кирил Петков на Скопје.

<

Плевнелиев како позитивен пример ја наведе Албанија, која заедно со Северна Македонија е кандидат за преговори за членство, но, како што вели, за разлика од Скопје, Тирана во последните години спровела далекусежни реформи.

Албанија е подготвена затоа што во последните години направи големи реформи кои Скопје не ги направи. Поради оваа причина Бугарија со право изјави дека е напред. Албанија спроведе фер попис и му даде права на бугарското малцинство. Таа ги менуваше учебниците и зборуваше за комунистичката идеологија и минатото на поинаков начин. Службите на Албанија се многу повеќе интегрирани со службите на НАТО и ЕУ отколку службите на Северна Македонија“, рече Плевнелиев.

Плевнелиев повика: „Важно е нашите пријатели во Скопје да разберат дека само со лобирање нема да се случи. Драги пријатели во Скопје, потребни се реформи, потребни се акции. Ова ќе ја отклучи вратата за посакуваното европско членство“.

На темата се надоврза и поранешниот претседател Георги Прванов (2002-2012) рече дека секој има право да биде оптимист, особено ако е во првите недели од неговото владеење, коментирајќи ги оптимистичките сигнали кои премиерот Кирил Петков ги даде по посетата на Скопје.

„Вознемирен сум од скептичниот однос на некои негови македонски домаќини, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски, кој кажа некои зборови кои звучеа недомаќинско“, додаде Прванов.

Тој му посака успех на Петков, но нагласи дека „само со Коридорот бр. 8 или инфраструктурен проект нема да се решат работите меѓу двете земји“.

„Темата заедничка историја мора да се реши. Најважно е да се вратиме на ситуацијата дека сме најбратски народи на Балканот, а не најнепријателски како што е сега“, рече Георги Прванов. Со ваквиот став се согласува и Росен Плевнелиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајка на маршот во Кочани: Кој ги пеплоса тие ангелски лица?!

По еден час молк, марширање, солзи и лелек, мајка на загината девојка од пред судот во Кочани постави прашање. Таа упати порака до правосудните...

ФФМ донесе одлука: ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без публика.

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика....

Ова не е несреќа, ова е убиство: Семејствата на настраданите повторно маршираа во Кочани

Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Стоп за селективна правда“ се дел од пораките на транспарентите кои...

Спасовски: Истрагата за Кочани мора да даде одговори и за пропустите на МВР

Најважно од сè е сега истрагата да ги даде одговорите на прашањата за трагедијата во Кочани и за утврдување на одговорноста. Главната одговорност треба...