-2.1 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски: Ги фативме живи како местат судски случај.

Груевски: Ги фативме живи како местат судски случај.

Уште еднаш фатени “живи” како местат судски случај како дел од политичкиот прогон на власта. Тоа што во Македонија се прави од обвинителството и судството кои сеуште продолжуваат да работат по инструкциите дадени од власта на Заев и од него лично, го нема ни во Африка.
Кратко, јасно и со доказ еве ги фактите.

Во т.н. предмет “Плацеви Водно” како сведок на обвинителството се појави Тања Стојановска, која раскажа дека по барање на нејзиниот шеф Александар Ивановски во јавноста познат по прекарoот “Алек Теранова” купила два помали стана кои години подоцна јас ги изнајмив, и идеата на обвинителството е преку изнудени изјави на гореспоменатиот уценет бизнисмен и неговата секретарка да докажуваат дека становите биле мои, иако немаат никаков матерјален доказ (ниту е можно да имаат), а и самиот Ивановски во неговата изјава во судот кажува дека никогаш за оваа тема не разговарал со мене туку дека трето лице му рекло да ги купи становите за мене (иако самиот А.Ивановски кажал во судот дека не ме познавал лично тогаш), а пак тоа трето лице во судот го негира истото.

Алексансар Ивановски становите ги купил на име на неговата секретарка Татјана Стојановска која исто така беше сведок и кажа дека се што знае за ова е што и раскажал нејзиниот шеф и според тоа на крајот сепак призна дека само претпоставува дека становите се мои.

Но под притисок на власта преку обвинителството а на прашање во судот истата сокри дека има примено писмо по ДХЛ од мене во својство на закупопримач на тие станови, чија содржина ја објавив на фб на 10 декември 2021 година, кое писмо преку ДХЛ е пратено од мене на 01.02.2021 година, а примено е на 08.01.2021 година. Ако сака судот, обвинителството и адвокатот назначен од судот по службена должност веднаш може да го проверат истото во ДХЛ во Скопје и ќе се види дека сведокот не ја говорел вистината и преќутел битен факт.

Неодамна, во понеделникот на 17.01.2022 година, во истото својство испратив ново писмо исто така по ДХЛ на истата личност, сопственичка на становите и сведок на обвинителството Тања Стојновска.
Веројатно поучена од обвинителството кое работи по инструкција на власта, истата вчера во 15:13 часот одбила да ја прими пратката со образложение дека содржината не била нарачана од неа. Така има објавено ДХЛ.
Значи ОДБИЛА да прими писмо испратено од мене со кого има потпишан договор за закуп на два стана (46мкв и 67мк).

Во ред. Делумно разбирам. Обвинителството и стои над глава, а особено на нејзиниот работодавач и шеф, па ги следи нивните инструкции, бидејќи ова е политички мотивиран случај каде обвинителството има задача по секоја цена да ме гони и да бидам осуден.

Доколку сакаат не само да се запознаат со содржината на писмото туку и да се уверат, а особено судот, како постапил сведокот, дали треба да му се верува на таков сведок, односно под каков притисок се наоѓа, обвинителството, судот и адвокатот назначен по службена должност можат веднаш уште денес, додека пратката е сеуште таму, да ги превземат сите законски чекори и привремено со судски налог да го запленат писмото кое од вчера 20.01.22 год. е вратено во ДХЛ Македонија.

Ако некој не верува дека сведоците на обвинителството се притиснати да кријат докази кои на обвинителството не му одговараат, слободно нека напишат на интернет “DHL Macedonia”, потоа нека кликнат на “Traking”, и нека го впишат traking code: 5177084065. Се ќе им излезе и се ќе им стане јасно.
За оние кои не им се прави ова, подолу фотографија од истото.
Исто така и фотографија од потврдата од DHL Hungary издадена во моментот кога ја испратив пратката со писмото, каде се гледа “traking code” на која потврда од разбирливи причини ги покрив адресите, телефоните и е-mail адресата.
Пишува Груевски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...