21.7 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаЌе ја претставува Македонија на Олимпијада а доби само 10.000 денари помош...

Ќе ја претставува Македонија на Олимпијада а доби само 10.000 денари помош од општина Крушево.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претставникот на Македонија на Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг (4-20 февруари), Ставре Јада, денеска преку социјалните мрежи се пожали на односот на општина Крушево, поради сумата што му била доделена како помош за настап на претстојниот собир на најдобрите светски спортисти во зимските спортови, пишува Фокус.

<

„Денеска од општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци, а пред еден месец, таа обезбеди финансиска помош и службено возило до БиХ за целосно новата биатлон-федерација. Сакам да поставам неколку прашања до општина Крушево и тоа дали овој е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот и зошто општината има двојни аршини при финансирање на спортистите? Но, и со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на ЗОИ во Пекинг“, напиша меѓу другото Јада на социјалните мрежи.

 

Од друга страна, Андреј Николоски од Општина Крушево порача дека толку се можностите и дека го разбира револтот на нашиот натпреварувач.

 

Како претседател на Совет, ја разбирам разочараноста на еден од најуспешните спортисти во моментов, Ставре Јада. Советот донесе одлука за доделување на средства како поддршка на учесникот на Зимските олимписки игри во Пекинг, Кина, кои секако се малку и не се доволни.

Најпрво, можностите на општината се тие. Општината и советот одделуваат максимално средства за спортисти и спортски клубови. Секоја година општината објавува повик за спортски клубови и невладини организации чија вредност е околу 300 000 денари за клубовите и 100 000 за невладини организации. Ова се навистина малку средства за скијачките клубови, фудбалскиот, одбојкарскиот и други, како и за активните невладини и Црвен Крст“, вели Николоски.

Извор:Фокус

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...