26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаИзвршена првата трансплатација на лигамент од починат дарител во Македонија.

Извршена првата трансплатација на лигамент од починат дарител во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Клиниката за ортопедски болести во Скопје, вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат дарител, соопшти Клиниката. 34-годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат дарител. Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за Ортопедија ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката, јавува Сдк.Мк

<

„Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Ревизијата се направи со графт од починат донор. Пациентот постоперативно се чувствува одлично и пред него е период на рехабилитација“,вели д-р Алан Андоновски, хирург од Клиниката за ортопедија кој долги години работи во делот на мекоткивната ортопедска хирургија.

Повредата на меките ткива, лигаментите и тетивите е многу честа кај младите лица, особено кај активните спортисти. Само успешен оперативен третман може да гарантира враќање кон редовните спортски активности. Со отварање на можноста на мекоткивна трансплантација со графт од починат дарител, се исклучува прекасата да се земе тетива од здравата нога и со тоа значително се подобрува квалитетот на живот на пациентот.

„Со првата употреба на мекоткивен графт на нашата клиника започнуваме со ново поглавје во реконструктивната ортопедска хирургија. Се надевам дека по оваа процедура ќе се отворат повеќе опции за употреба на мекоткивните графтови во нашата секојдневна пракса“, вели др Милена Богојевска-Доксевска, болнички координатор на Клиниката за Ортопедија.

Ова е деветта трансплантација од починат дарител во последните десет месеци на Клиниката за ортопедија. Од почетокот на 2021, на Клиниката е обновена и Банката за коскени ткива каде се чуваат експлантираните графтови.

„По првата експлантација што ја направи тимот од Клиниката на 17 април минатата година, до денес се направени пет експлантации и девет трансплантаци на коскено и меко ткиво. На пет пациенти со малигна болест им беше трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значително им се подобри нивниот квалитет на живот, а денес за првпат трансплантиравме и мекоткивен графт односно лигамент кај млад пациент со сериозна повреда. Благодарност до сите колеги од клиниката кои го препознаа значењето на трансплантацијата во третманот на ортопедските болести. За нашите пациенти ова поглавје ќе отвори можност за нови методи на хируршко лекување“, вели д-р Александар Трајановски, директор на Kлиниката за Tрауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ)во Скопје, во чиј состав е Клиниката за ортопедија.

Во 2021, во земјава се направени девет експлантации од починат дарител и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива. Минатата недела беше направена и првата трансплантација од починат дарител годинава. Двајца пациенти добија бубрези, а кај млад пацинет беше трансплантирано срце.

„Мило ми е што оваа трансплантација на Клиниката за Ортопедија се случи само неколку дена по првата експлантација од починат донор годинава, која се направи минатиот петок. По одлуката на едно храбро семејство да ги донираат органите од својот близок, во саботата наутро беа направени три трансплантации, две на бубрези и една на срце. Би сакала уште еднаш да се заблагодарам јавно на семејството кое со својата добрина и хуманост спаси најмалку три животи. Пациентите кои добија орган се во стабилна состојба и се опоравуваат полека на Клиниката за урологија и на Клиниката за кардиохирургија“, вели д-р Маја Мојсова-Мијовска, Национален координинатор за трансплантација.
Јавува:Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...